Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
за лекување на БОРО
... бидејќи заедно можеме повеќе!
АПЕЛ ЗА ДОНАЦИЈА
Почитувани,
Кога имаме 18 години, чуствуваме дека целиот живот е пред нас, дека можеме се’ и дека имаме слобода и сила да го постигнеме она што го сакаме.
Боро Стаиќ има 18 години, и животот е пред него, но живот полн со неизвесност и тешки предизвици. Пред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4. и 5. р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia).Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек.Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот.
Боро е свесен за сериозноста на повредата, но со својот младешки дух и оптимизамсилно верува дека ќе успеево долготрајното и напорно лекување и рехабилитација. Но, неговото лекување подразбира скапи, современи процедури во странство за кои се потребни многу финансиски средства, кои е невозможно да ги обезбедиме без ВАША ПОМОШ.
Боро верува во себе и искрено верува во добрината и хуманоста на луѓето: на неговите роднини,другарите, пријателите на семејството, како и луѓето кои не ги познава а кои сочуствуваат со неговата состојба и несебично ни помагаат.
Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме... БИДЕЈЌИ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ.
Црвениот Крст на град Скопје ( вклучувајќи ги сите пет Општински организациии на Црвениот крст на територија на град Скопје) и други соработници организира ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТво Универзална Сала– Скопјена03.04.2013 година со почеток во 20:30 часот.Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на Боро да го продолжи своето лекување.
На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од Македонската музичка сцена: НОКАУТ, ЛЕБ и СОЛ, Игор Џамбазов,Бени& Нон Стоп,како и танчери и ѕвезди од Танц со ѕвездите .
Генерални покровители на концертот се :
Неизмерна би била и ВАШАТА ПОДРШКА за Боро преку донирање на финансиски средства на отворените сметки за донација.
Сметаме дека со тој хуман потег од Ваша страна, како општествено одговорна компанија/институција, ќе придонесете за поттикнување на заедницата во која живееме на хуманост и помош за Боро.
Знаеме дека добрината и дарувањето се цел сама за себе, но ние би сакале барем малку да Ви возвратиме за Вашата хуманост и јавно да Ви се заблагодариме на концертот во Универзална Сала.
Можете да помогнете и ако купите ВЛЕЗНИЦИ ЗА КОНЦЕРТОТ за Вас, Вашите вработени или пријатели.
Цената на влезниците изнесува 500 МКД. Влезниците ќе може да се купуваат од 15.03.2013 год. во сите продажни места на www.kupikartizase.com ( ½ Југотон, Нико Фон, Моби Клуб Плус, Цвеќара Розе Веро 2, Спортски центар Борис Трајковски, ТНТ ИТ Маркет, kupikarti.com City Mall,)или да ги контактирате лицата за контакт: Нина Цекиќ и Зорица С.Арсовска.
ХУМАНИТАРНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ:
Денарска сметка:
Сметка: 210-700000600857
Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ
Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје
Девизна сметка :
IBAN Code: MK07210501594890345
Name of account owner: Zoran Stajikj
Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje
SWIFT : TUTUNMK22
ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ на кои можете да донирате 100 ден/повик:
070/143-112
075/143-171
077/143-402
Искрено Ви благодариме на Вашата хуманост и подршка и очекуваме навремен одговор се со цел навремено потпишување меморандум за соработка и ефикасно спроведување на целата активност.
Лица за контакт:
Нина Цекиќ – Претседател на млади на Црвен крст на Република Македонија,
e-mail: ncekic3@gmail.com
Зорица Серафимовска Арсовска – ИНФОМЕДИА Системи
Со почит,
Семејство Стајиќ
Скопје, 10.03.2013 година
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?