Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Нејзината мајка Claire Cressey (34) во чест на своето девојче секоја недела подготвува колач со свеќи, за да ја прослави тешката недела која поминала. Бидејќи лошите медицински прогнози не се обистиниле, бебето познато под прекарот "мало чудо", напредува од ден во ден.
- Најубаво е кога го држам своето дете во прегратка и кога го хранам. На повеќето мајки тоа не им е ништо посебно и не придаваат значење на толку обичните мкоменти. Но, за мене тој момент е остварување на сите мои желби. Кога се роди тоа беше толку незамисливо, но јас верував. Таа е страшен борец и затоа успеавме. Не чека уште долг пат додека да си отидеме дома, но знам дека и тој ден ќе дојде наскоро - раскажува Клер, пресреќна што нејзината ќерка не е вклучена на апарати.
Лекарите велат дека Емили била страшен борец од раѓање и за десет недели поминала тежок пат, за да дише со сопствените гради.
Таа е сместена во болницата во Единбург и покрај неа постојано се родителите и сестрите Кетлин (8), Мајли (4) и братчето Буки (1,5). Тие не се одвојуваат од малата Емили.
Емили напредувала многу убаво, па сега има 1,8 килограми и се храни со адаптирано млеко.
- Човекот не е свесен колку сила има во себе, се додека не биде ставен во искушение. Ова мало битие сите не обедини и станавме посилни како семејство. Емили иако е мала и ситна, таа е цврста и жилава. Тоа најмногу ми се допаѓа кај неа, вели нејзината мајка.




4
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...
Следна бременост по ИВФ. Што треба да знаете?
Ако претходната бременост била постигната со вонтелесно оплодување (IV...
Причини за слаб квалитет на сперма
Квалитетот на спермата е важен фактор за машката плодност. На него мож...
Нередовна овулација и проблеми со зачнување
Овулацијата е моментот кога јајникот ослободува јајце клетка која може...
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...