|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дури 15.000 невакцинирани деца во Скопје

Редакција Рингераја, 27.12.2018
Епидемиолозите предупредуваат: можна е голема епидемија од мали сипаници

image
/11


Дури 15.000 деца во Скопје на возраст до 14 години не се вакцинирани против мали сипаници и други заразни заболувања, а и покрај епидемијата од морбили која е прогласена во скопско Радишани, малку деца биле однесени на вакцинација по апелот од здравствените власти. Против морбили во овие неколку дена се заштитиле само 16 деца од градинката и 12 од училиштето во населбата. А вчера е пријавен уште еден заразен со морбили – братче на веќе заболено дете од Радишани.

Овие алармантни податоци беа соопштени на денешната прес-конференција во Министерството за здравство, по епидемијата на мали сипаници која беше прогласена во минатата недела, а има веќе седум заболени – шест деца и еден возрасен, кој е родител на едно од заболените деца. Во 4 пункта во Скопје деновиве вонредно биле  вакцинирани вкупно 220 деца.

Поразителни се резултатите кај децата родени лани во главниот град – повеќе од половина од нив не се вакцинирани, а третина од оние кои се само една година постари не се заштитиле од заразни болести.

Епидемиолозите предупредуваат дека е најнизок опфатот со прва доза на МРП вакцина во општините Центар, Карпош и Аеродром, каде речиси половина од децата не се вакцинирани.

– Мали сипаници се многу заразно заболување – дури 9 од 10 лица кои биле во контакт со заболено лице, може да се инфицираат од ова заболување, кое се пренесува и по 2 часа откако заразеното лице ќе ја напушти просторијата! Загрижува посебно нискиот опфат кај предучилишните деца, каде од 39.009 деца (родени во период 2013-2017), дури 11. 256 (29 отсто)  не се вакцинирани. Родителите треба да ја разберат сериозноста на ова заболување бидејќи постојат сериозни услови за ширење епидемијата во Скопје и во останатите градови во државата и навреме да ги заштитат своите деца со вакцина – рече д-р Владимир Микиќ од Институт за јавно здравје.

Центарот за јавно здравје–Скопје со тимовите од вакциналните пунктови при здравствените домови, од 21 до 24.12.2018 година извршиле контрола на 100.000 картони за проверка на МРП вакцинацијата кај децата од 12 месеци до 14 години во Скопје.

– Откога е пријавена епидемија на морбили во општината и покрај нашите настојувања одѕивот не е голем – вакцинирани се 16 деца со МРП вакцината, а од училишните деца во тоа подрачје вакцинирани се само 12 од 62 невакцинирани. Во моментов се пријавени 7 лица со морбили во Радишани, а вчера е регистрирано уште едно дете од истата градинка, со клиничка слика на морбили, за кое се чека лабораториска потврда – рече д-р Билјана Даниловска од скопскиот Центар за јавно здравје.

Посочи дека Таа информираше дека највисок процент на вакцинација со МРП вакцина е во општина Сопиште каде нема невакцинирани деца и во Шуто Оризари со 9,07 отсто  невакцинирани.

– Иако кај училишните деца ситуацијата е подобра, од 65 806 деца од 1 до 9 одделение, невакцинирани или некомплетно вакцинирани се 3.728 деца, загрижува податокот дека невакцинирани или некомплетно вакцинирани се 20 отсто од првачињата. о одделение. Со возраста расте и опфатот со вакцинацијата и кај децата од 5 до 9 одделение, каде се невакцинирани помалку од 5%.

За тоа дали ќе има и построги казни, како кривични пријави, спрема оние кои не ги вакцинираат децата, проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација, не можеше прецизно да одговори.

– Работната група формирана од министерот за здравство ги разгледува можностите во законската регулатива за правото на заштита на децата од заразни заболувања, со цел соодветна имунизација и нивна навремена заштита. Здравствените тимови ќе ги посетат градинките и училиштата, а најголем дел од родителите имаат прашања и дилеми во однос на вакцинацијата. Апелот наш е родителите навреме да ги вакцинираат и со тоа да заштитат своите деца, бидејќи вакцината е единствената безбедна и ефикасна мерка за спречување на епидемијата и заштита на децата од можните сериозни компликации на малите сипаници – нагласи д-р Грозданова.

Извор: Плусинфо

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку сон им треба на бебињата? Табела за ...
На бебињата им треба многу сон, но колку точно на секоја возраст? Овој пост ќе ве научи колку спиење му е потребно на ва...
4
Што да се прави со бактериите во носот?
За жолто-зелениот секрет од носот е потребна антибиотска терапија. За бистар секрет не е потребна терапија! Тоа е исправ...
4
Зошто појадокот не смее да се прескокне?
Појадокот е всушност најважниот и најкорисниот оброк во денот, освен ако не се состои од благо бело пециво.
4
Evy Baby - нови бебешки пелени!
Со комбинација од искуството и најновата технологија за среќни бебиња и мамички, Evyap ги вклопи сите карактеристики што...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?