Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Можеби мислите колку би било прекрасно, ако по негативните искуства со разводот, си најдете нов пријател/ка, или дури да го сретнете мажот или жената од своите соништа. Во пракса постојат многу вакви случаи. За жал сите вакви случаи немаат среќен крај. Вистина е дека емоционалните рани и чувството на празнина по разводот се толку големи што мажите и жените го губат чувството за реална проценка. Така брзо, за да ги излечат своите рани, скокаат во прегратките на погрешен човек.
Важно е да се запрашате дали е добро веднаш после разводот да започнете нова врска, или да почекате да заврши процедурата околу разводот?
Дали не е подобро да ги одложите состаноците за малку, додека не се чувствувате сигурни и емоционално стабилни?
Во интерес на децата
Кога ќе започнете периодични средби со нов партнер, тоа ќе биде исклучително болно за Вашиот поранешен сопруг/сопруга, а најмногу за децата. Разочараниот партнер најверојатно ќе најде начин да ги покаже болката и гневот и тоа нема да биде во интерес на децата. Дури и по конечната разделба треба да продолжите да се гледате токму заради децата. Затоа е добро односите да Ви останат пријателски. Ова може да се случи ако започнете состаноци со нов партнер најрано по неколку месеци од разводот. Новата врска нема да ја излечи, туку ќе ја продлабочи Вашата емоционална нестабилност.
Глас на законот
Добро е да не заборавите дека разводот настапува дури откако судот ќе донесе одлука. Ако пред овој момент започнете врска, тоа може да се користи против Вас.
Емоции
Емоциите за време на развод се како разбранувано море. Степенот на самодоверба, веројатно Ви е многу намален. Благодарение на новата врска може да се чувствувате подобро, но тоа е само привремено. Порано или подоцна ќе мора да се соочите со фактите. Дури и ако Ви е добро во прегратките на новиот партнер, мора да го преиспитате својот живот и да ги разберете причините кои доведоа до крај на Вашиот брак. За време на разводот сте изложени на стрес. Ова е момент во кој не се манифестира Вашето вистинско јас. Точно е дека почнувајќи нова врска уживате во чувството да сте сакани и посакувани, но тоа е само желба за позитивни емоции. Замислете колку поразлично би се однесувале доколку не сте изложени на таков интензивен стрес.
Каде е љубовта?
Кога човек е изложен на стрес, го губи чувството за трезвена проценка и потсвеста почнува да го идеализира новиот партнер. Дури и да верувате дека сте ја сретнале љубовта на својот живот, почекајте некое време. Ако човекот кој го сретнавте е навистина за Вас, чувствата ќе преживеат подолго време. Почекајте да бидете емоционално постабилни и малку да го средите сопствениот живот.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Заеднички моменти, незаборавни спомени
Во трката по обврски, планови и секојдневни задачи, лесно е да заборав...
Доењето не е само начин на исхрана. Тоа е еден од најприродните и најм...
Природна поддршка за забременување
Многу парови денес се соочуваат со предизвикот на неплодност или подол...
Митови и вистини за забременувањето
Темата за забременување е обвиена со многу совети, верувања и „тајни р...
Менструалната болка е искуство кое го имаат огромен број жени. Некои ј...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?