|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дома за Денот на вљубените? Еве неколку идеи!

Редакција Рингераја, 13.2.2015
За љубов и романтика не се потребни пари, потребна е љубов и заедништво...

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Валентиново можеме да го сакаме и мразиме, да бидеме рамнодушни кон него, но како и секоја година ќе стигне 14 февруари. Сепак мора да признаеме дека тој празник  на љубовта и романтиката може да биде добра можност во своите врски и бракови, кои често се преполни со секојдневни грижи и обврски, да внесеме малку љубовни “зачини”, кои можат да ни го разубават не само тој ден, туку и да не потсетат заради што толку ја сакаме личноста со која сме.

За тој љубовен “зачин” е потребно многу малку. Не треба да трошите пари на скапи излегувања, вечери, подароци...

Валентиново можете да го прославите и дома, а најважно од се е драгата личност да биде со вас, па заеднички да го поминете времето правејќи работи за кои инаку нема да имате доволно време...

Заради тоа ви даваме неколку идеи, кои можат да бидат одлична прослава на Денот на заљубените на ваш посебен начин. Запомнете, најважно е да сте заедно...

 

  1. Договорете филмски маратон, со заедничките омилени филмови, или телевизиски серии, или пак изгледајте еден филм по ваш, или негов избор.

  2. Заеднички подгответе вкусно јадење и направете романтична вечера за двајцата со свеќи. Ако не сакате да готвите, нарачајте достава од омиленото јадење од ресторан.

  3. Направете го омилениот десерт и јадете го – голи.

  4. Играјте покер или некоја друга игра со соблекување.

  5. Ако сакате да танцувате, направете компилација од омилените песни и танцувајте.

  6. Отворете шише вино и уживајте пиејќи го полека.

  7. Направете листа на желби кои сакате заеднички да ги остварите.

  8. Доколку имате можност, запалете оган во дворот, па испечете нешто како да сте на кампување...или подгответе кошничка за кампување со храна и пијалок. Ако надвор е многу ладно, направете пикник дома на подот, со ќебиња и перници.

  9. Подгответе заедничка миризлива купка со цвеќе.

  10. Масирајте се меѓусебно со миризливи масла, што може да биде одлична предигра.

 

Имате ли вие предлог како да го поминете овој ден?

Напишете ни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

НОВО на Рингераја.мк
Нов изглед на анкетите на Рингераја.мк. Прашувајте, одговарајте, забавувајте се!
3
Да и помогнеме на Дарија Калиновска
Добредојдена е секоја помош од хуманите луѓе!
3
Даниел Кајмакоски: Станав Златно Славејче ...
Даниел Кајмакоски ја промовираше заедничката песна со хорот Златно Славејче - „Секој го снима својот филм“
3
Мамо, не оди, поседи со мене уште малку!
Потресна приказна на мајка од Кратово која што ги оставила децата во дом: Мамо, не оди, поседи со мене уште малку!
3




Анкета

peperutka84
peperutka84

Dragi moi koe ime spored vas e podobro za moeto bebe?

Andrej (26%)

Matej (25%)

Darin (9%)

Kalin (12%)

Petar (24%)

Ilin (5%)


Број на сите гласови: 144

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!