vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Почитувани пријатели,
Ве информираме дека нашето здружение за заштита на животните „Анима Мунди„ организира дводневен фестивал ВЕГЕФЕСТ, кој ќе се оддржи утре и задутре во Старата скопска чаршија ( на платото на Чифте амам и кафе барот Ла кања), со цел промоција на правата на животните, како и промоција на здравата, разновидна и вкусна вегетаријанска исхрана.
Во прилог ви ја доставуваме целосната програма на фестивалот, на кој со големо задоволство Ве каниме да ни бидете гости.
Воедно информираме дека паралелно со фестивалот, и двата дена (сабота/ недела; 13:00 – 17:00 часот) организираме ДЕТСКО КАТЧЕ кое нуди богата, весела програма за најмалите – жонглери, креативни работилници, музика, многу весела дружба заедно со волонтерите на Анима Мунди и бројните пријатели на фестивалот.
Од тие причини дополнително Ве замолуваме да ја споделите оваа вест и покана да што повеќе дечиња дојдат и уживаат. Однапред ви благодариме.
„За клинци и клинцези, принцови и принцези, ДЕТСКО КАТЧЕ НА ВЕГЕФЕСТ со аниматори од Анима Мунди и најдобрите жонглери на светот FUZZBUBBLE!
КОГА ? Сабота/недела, од 13:00 па се до 17:00,
КАДЕ? на широкото плато на Чифте амам (покрак кафе бар Ла кања) во Старата скопска чаршија
ЗОШТО? зошто на едно место собрани ќе има жонглери, магионичари, аниматори, цртање, креативни работилници за најмалите и најмилите , како и здрава, вкусна закуска за дечињата..повеќе инфо на:http://www.facebook.com/note.php?saved&¬e_id=440397196016524&id=166688476720732 „
Здружение за заштита на животни „Анима Мунди„
8
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Заминувањето на спиење, не смее да биде казна!...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...