Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Ако постои комбиниран губиток на вода и на електролити, како што се случува на пример при повраќање, пролив, примена на диуретици, тогаш се јавува екстраклеточна дехидратација.
Освен наведениве состојби (повраќање, пролив, земање на диуретици), дехидратација може да предизвикаат и некои заболувања како на пример: бронхит, воспаление на белите дробови, други воспалителни процеси и други заболувања. Исто така, дехидратацијата може да биде предизвикана и од претерана физичка активност со недоволно консумирање на вода. До губиток на вода доаѓа и кај пациенти со дијабетична хипергликемија, пратена со осмоларна полиурија (зголемено излачување на мочка).
Дехидратацијата е пратена со јака жед, сува слузница на устата, отежнат говор. Јазикот е сув и обложен, со збришани папили. Хиповолемијата доведува до тахикардија (забрзана работа на срцето) и ортостатска хипотензија (нагол пад на притисокот при исправување на телото, при нагло станување).
Се јавуваат и симптоми од страна на нервниот систем: наизменично депресија и зголемена надразливост, делириум и кома. Се намалува излачувањето на мочката и таа е концентрирана и темно жолта.
Клиничката слика на дехидратацијата зависи од количеството на изгубената вода.
На дехидрираниот болен треба веднаш да му се даде да пие течност, најдобро вода во која претходно е растворена сол, а потоа, во зависност од тежината на дехидратацијата, треба да се консултира лекар и евентуално, доколку е потребно, пациентот да се задржи во болница.
Лекувањето се состои во надокнадување на изгубената течност. При тоа може да се дава вода преку уста, или во потешки форми на дехидратација се даваат и интравенски инфузии на 5% гликоза.
8
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...
Зошто доаѓа до имплантациско крварење?
Мала розева или кафенкаста трага на долната облека во периодот кога ја...
Трета недела од бременоста, почеток на нов живот
Иако можеби сe уште не знаете дека сте бремени, во третата гестациска ...