Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Кора од јаболко
Кверцетин е антиоксиданс кој се наоѓа само во кората на јаболкото и е особено корисен за белите дробови и мозокот. Ако редовно јадете лупено јаболко воопшто нема да го внесувате и многу ќе изгубите. Освен ова јаболкото е полно витамини и навистина е необјасниво зошто луѓето инсистираат да го лупат.
Кора од портокал
Кората од портокал е еден од убедливо најмоќните природни лекови против покачени маснотии во крв, а е одличен благодет за срцето. Кората од портокал пред да се употреби мора да се увериме дека е чиста и не била подложна на хемикалии.
Листови од цвекло
Листовите од цвекло ретко кој ги употребува, од цвеклото се користи најмногу коренот, затоа и ова растение се одгледува и купува. Но, листовите од цвеклото не се ништо помалку корисни од коренот, тие се благодет за организмот и од нив можат да се направат вкусни чорби, погачи и слични јадења кои се здрави за организмот.
Кора од лубеница
Иако ви звучи зачудувачки кората од лубеницата содржи материја наречена Л-цитрулин, која е многу здрава за организмот и му помага при болки во мускулите. Порано старите луѓе често ја јаделе кората од лубеницата и тоа било нормално, но подоцна овој тренд многу опаднал и сега повеќето сметаат дека истата е штетна или отровна, што е сосема неточно.
Лушпа од компир
Лушпата од компирот според истражувањата е повеќе корисна и од самиот компир. Ова не значи дека треба да сварите лушпи од компири, но понекогаш можете да испечете компир со лушпа и воопшто да не се грижите дека тоа е штетно.
Семки од тиква
Сигурно се сеќавате на старите добри времиња кога вашите баби и дедовци редовно ги приготвуваа семките од тиквите. Семките од тиква се навистина здрави делови од ова растение и се делотворни за функцијата на целиот организам. Затоа наредниот пат кога приготвувате тиква немојте да ги фрлате семките.
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?