namesp во 10:12
Дали куќата ви е премногу чиста?
Редакција Рингераја, 10.8.2011
Произлегувајќи од нашата потреба од свеж да ги заштитиме тие нејаки суштества, не престануваме да стерилизираме и да чистиме, плашејќи се панично од секаков вид на бактерии и вируси.
Антибактериските препарати, стерилизацијата, дезинфицирањето на се и сешто, можат да донесат повеќе штета од корист. Научниците одамна пресудија – колку повеќе е стерилна средината во која расте детето, толку повеќе неговиот имунитет е послаб. Единствено во контакт со бактериите детскиот имунолошки систем ќе научи да ги препознава, а потоа да ги уништи.
Секако, тоа не значи дека треба да живеете во “штала” и да ја запоставите хигиената, но не треба ниту да одите во друга крајност и детето да го држите под стаклено ѕвоно. Новородените бебиња немаат развиен имунолошки систем, но природата се погрижила дел од заштитните фактори детето да ги добие преку постелката од мајката, како и со доење, преку мајчиното млеко. Секој пат кога детето ќе дојде во контакт со некој предизвикувач на заразна болест, неговото тело создава антитела, кои ќе помогнат следниот пат да се препознае непосакуваниот гостин во телото.
Некои правила ќе ви помогнат да најдете златна средина во чистењето.
- Често миење на рацете
Ова е многу важно како за тие кои се грижат за малото дете, така и за детето. Доволно долгото миење на рацете, со употреба на топла вода и сапун е основа за здрава хигиена и таа навика треба да му ја всадите на детето уште кога е мало.
- Чисто газе
Менувајте пелени доволно често, за да спречите појава на инфекции кај децата. Најважно е да спречите бактериите од дебелото црево да преминат во мокрачниот канал. Овде хигиената на рацете е многу важна, бидејќи на тој начин се пренесуваат многу инфекции.
- Преварување
Бактериите кои предизвикуваат гастроентеритис се размножуваат во млекото. Затоа е потребно многу внимателно да ги миете шишенцата од млеко, ако бебето се храни на тој начин. Додека е бебето мало шишенцата треба да се превриваат, а млекото кое бебето н е го испило не треба да се погрева, туку да се истури.
- Свежа храна
Храната за бебињата и децата мора да биде беспрекорно хигиенски исправна, бидејќи е лесно расиплива. Внимавајте на хигиената во кујната, на правилното миење и подготовка на продуктите, доволната термичка обработка и чување. Приготвената храна чувајте ја во поклопен сад во најладниот дел на фрижидерот, најмногу 48 часа. Сировата храна држете ја подалеку од зготвената.
- Без антибактериски средства
Премногу агресивни препарати за чистење не само што не се добри за детскиот имунитет, туку се поврзуваат и со појава на алергии, астма и егзема. Доволно е да користите обични средства за чистење.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Децата не треба да се бањаат секој ден, посебно не во зима, доволно е еднаш на три дена. Потребно е секојдневно одржувањ...

Егзема или атопичен дерматит е воспаление на кожата предизвикано од комбинација на наследни фактори и одредени надворешн...

Хипогликемијата, или ниско ниво на шеќер во крвта, е состојба што може да се појави кај новороденчиња, особено во првите...

Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за здрав раст и развој кај бебињата, обезбедувајќи и...
