namesp во 10:12
Чудесниот час на животот
Редакција Рингераја, 10.3.2021Кога здравото новороденче ќе биде поставено на мајчиниот стомак и мајчините гради со контакт кожа на кожа во првиот час по раѓањето, тоа покажува чудни способности. Бебето е будно. Тоа може да лази стимулирано од нежниот допир на мајката, преку нејзиниот стомак барајќи ја мајчината дојка и почнува да ја допира со устата. Со првиот нежен допир со глава, рака или уста на мајчината дојка, се поттикнува ослободување на окситоцин кај мајката, со што се стимулира протекувањето на мајчиното млеко и се зголемува и потврдува љубовта на мајката кон бебето.
Бебето потоа ќе ја помириса, ќе ја проба и ќе ја лиже мајчината брадавица. Конечно, ќе се прицврсти на брадавицата и ќе почне да се храни. Овој тек на настани е важен за опстанокот на новороденчето, а со тоа и на целиот човечки род.
Иако многу автори го опишуваат ова како нормално однесување на новороденчето, дури сега ја откриваме важноста од давањето на можност на мајката и детето тоа да го доживеат. За прв пат истражувачите го процениле ефектот на времето на првиот подој врз морталитетот на новороденчето – покажувајќи дека смртноста кај новороденчето може да биде значително помала, ако тоа се подои во првиот час по раѓањето.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Терапија во солена соба се препорачува за децата и возрасните. На болните заради лекување, а на здравите превентивно, би...

Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор

Кога во текот на бременоста ќе се спомене терминот "големо бебе", многу родители веднаш помислуваат на долг и тежок по...

Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте
