|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Битни опасности за трудниците

Редакција Рингераја, 8.6.2015
Сигурно сте слушнале дека средства за чистење, инсектициди, вода за пиење и други материи во куќата понекогаш се опасни за животот, особено кога сте бремена

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Всушност сепак домот е исклучително безбедно место за вас и за вашето бебе - особено ако додадете малку внимателност и многу здрав разум. Еве што треба да знаете за т.н. опасности:


Домашни детергенти. Миењето на кујнскиот под и полирање на кујнската маса веројатно ви го оптоваруваат грбот, но тоа не и штети на бременоста. Сепак е мудро да чистите претпазливо кога чекате бебе. Обрнете внимание:
- Ако детергент е со многу силен мирис или емитува силни испарувања, не го дишете. Користете го во простории со многу добра вентилација или воопшто не го користете.
- Никогаш не мешајте амонијак со производи на хлорна основа - комбинацијата одделува смртоносна испарувања.
- Трудете се да избегнувате производи за чистење рерни и течности за хемиско чистење, чии етикети предупредуваат за токсичност.
- Носете гумени ракавици кога користите хемиски производи, така ќе спречите миграција на хемикалиите во кожата.

Олово. Изложеноста на олово е штетна не само за малите деца, туку и за бремените и бебињата кои тие ги носат. За среќа е лесно да го одбегнување, еве како:
- Водата за пиење е чест извор на олово, уверете се дека вашата не содржи олово.
- Старите бои се главен извор на олово. Ако домот ви е направен пред 1955 година или порано, морале да се соборат слоеви боја (од која било причина). При реновирање бидете  настрана оттаму, додека работата не биде завршена.

- Постарите глинени садови, керамика и порцелан исто така емитуваат олово. Ако имате домашно изработени чинии,  антички или едноставно многу стари, не користете ги за сервирање на храна и пијалоци, особено на оние кои содржат киселини (цитруси, оцет, домати, вино, безалкохолни пијалоци).

Вода од чешма. Таа се уште е најдобар пијалок дома - во повеќето домови водата од чешмата е целосно безбедна и погодна за пиење. За да бидете сигурни дека кога го полните чаша пиете за вашето здравје - и за здравјето на бебето - го направите следново:
- Информирајте се во локалната Агенција за заштита на животната средина или во оддел на Министерството за здравство за чистотата и безбедноста на водата за пиење во водовод. Доколку  квалитетот на водата во вашиот дом е со различен од квалитетот на водата во регионот (поради застарена цевки, домот ви граничи со измет или поради лош здив и вкус), направете испитување во лабораторија.

- Ако водата од чешма не е исправна, купете си филтер или користете флаширана вода за пиење и готвење. Избегнувајте дестилирана вода - таа не содржи корисни материјали. За да го ограничите нивото на оловото во водата која ја пиете, користете само ладна вода за пиење и за готвење.

Пестициди. Не поднесувате соживот со лебарки, мравки и други инсекти? Тогаш морате да ги уништите со хемиски пестициди.  Ако во соседството ви прскаат против инсекти, избегнувајте да стоите подолго надвор. По можност борете се со инсектите со природни средства. Дома користете "стапици" за инсекти, стратешки распоредени по омилените за инсектите места за да се ослободите од лебарки и мравките, користете кедрови коцки наместо нафталин ли побарајте во земјоделските аптеки  нетоксични и еколошки пестициди.

Испарувања од бои. Во целото животинско царство периодот пред раѓањето (или вгнездување на јајца) е поврзан со трескавична подготовка за доаѓањето на новата генерација. Кај луѓето плановите вклучуваат подготовка  на идната бебешка соба. За среќа денешните бои не содржат олово и жива но можна е иритација на носот и предизвикување на гадење.


"Зелено решение"
Барате начин да дишете полесно дома? Исполнете го живеалиштето со живи растенија кои апсорбираат загадувачи на воздухот и го збогатуваат со кислород. Избегнувајте растенија, кои се токсични при голтање.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Витамин Ц за време на бременост. Зошто е т...
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ бројни промени, а правилната исхрана е основа за здрав развој на ...
4
Доцната бременост го продолжува животот?
На медицинскиот факултет во Бостон е спроведена студија чии резултати покажале дека жените кои планираат бременост по 30...
4
Што е нормално, а што не во менструацијата?
Менструалниот циклус е важен показател за здравјето на жената. Иако постојат општи правила за тоа што се смета за „норма...
3
Опции за третман на ХПВ
Позитивниот ХПВ тест не значи автоматски дека е потребен третман.
3




Анкета

Na godisen odmor so sveki?
Malecka23

Sto bi napravile koga ke se org so vasiot maz i dete konecno da otidete na odmor zaedno i no sveki saka da ide so vas pod igovor da vi "pomogne"?

Da,bi mi bila od korist da go pocuva deteto (37%)

Ne,sakam da se odmoram (56%)

ne znam zavisi maz mi kako ke odluci (7%)


Број на сите гласови: 114

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!