Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Археолошките наоди покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000 п.н.е. и 3500 п.н.е.. Првпат Македонското Кралство се појавува во периодот на IX век п.н.е. а за први македонски кралеви се сметаат Каран (се смета за митски предок на Аргеадите) и Пердика I (прв историски крал на Кралството Македонија).
Приближно од V век п.н.е. Кралството Македонија станува значаен политичко - економски чинител во поширокиот регион, а негова главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со Грчките градови-држави, при што често било сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземало страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359 п.н.е. - 336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, ќе успее да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар Македонски (356 п.н.е. - 323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин ќе го скрши внатрешниот отпор во проширеното Македонско Кралство, а подоцна во походот против Персија, ќе ја уништи огромната Персиска Империја и ќе ја прошири македонската држава на три континенти, протегајќи се помеѓу Европа, Египет и Индија, создавајќи ја Македонската Империја.
По неговата смрт, оваа огромна империја се распаднала на повеќе помали делови, поради несогласувањата на неговите генерали (дијадоси) околу тоа кој ќе биде негов наследник. Освојувањата на Александар Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.
Продорот на Римска Република на исток ќе доведе до таканаречените Македонско-римски војни (215 п.н.е. - 168 п.н.е.) во кои Македонското Кралство управвано од Антигонидската династија целосно ќе потпадне под римска власт, а последниот македонски крал Персеј ќе биде одведен како роб во Рим. По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станува дел од Источното Римско царство.
3
забава Бремените
Автор: bobik
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...
Како да ги изберете вистинските пелени за вашето бебе?
Од првите денови по раѓањето, пелените стануваат дел од секојдневниот ...
Лесни вежби за трудници. Движење без ризик
Трудничкиот период е време кога телото се менува, но тоа не значи дека...
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...