|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

11 правила за воведување на цврста храна

Редакција Рингераја, 23.1.2015
Воведувањето на цврста храна не би требало да биде оптоварување ни за детето, ни за мајката, а при изборот на продукти мора да се земе во предвид годишното време, навиките во семејството и економските фактори

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Ексклузивното доење е најдобра исхрана за детето од раѓање до шестиот месец. После тоа, потребно е со мајчиното млеко постепено  да се додава и друга храна за да може детето да расте и правилно да се развива.

Дохранувањето најпрво започнува со ориз, потоа се воведува зеленчук или овошје, сокчиња и месо.

Сепак, постојат одредени правила, за кои треба да се води сметка, кога во исхраната на бебето ќе се воведат не млечни производи:

  1. Новите продукти треба да се даваат во утринските часови, за да може до вечерта да се забележи евентуалната алергиска реакција (осип по кожата, повраќање, пролив) и да се исконтактира педијатарот.

  2. Воведувајте ги новите продукти постепено – една по една, за бебето да се навикне на новиот вкус.

  3. Направете растојание од 4-5 дена помеѓу воведувањето на нова врста храна, да да можат да се воочат евентуални алергиски реакции.

  4. Во почетокот понудете му на бебето мали количини храна (1-2 лажички) и постепено зголемувајте ја количината (15-30 лажички). Навикнувањето на нова храна нека трае три до пет дена.

  5. Храната мора да биде свежо подготвена, во почетокот пасирана и згмечена, а потоа ситно сецкана.

  6. Во подготвената храна за бебето не ставајте сол и шеќер и немојте да ја разблажувате со вода, бидејќи детето треба да го почувствува природниот вкус на храната.

  7. Кашичките се даваат со лажичка, а течната храна од чаша.

  8. Ако бебето не пие доволно млеко, додадете го во кашичките од житарици, овошје и зеленчук. Количината на млеко која бебето ја пие во првата година, не треба да биде помала од 500 мл. дневно.

  9. Вкупната дневна количина на храна распоредете ја во повеќе мали оброци и во пократки временски интервали.

  10. Бебето не треба да го храните кога ја врти главата и одбива храна. Бебето трерба да ужива во оброкот.

  11. Најубаво е ако детето јаде на маса, заедно со останатите членови од семејството.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бањање кое ќе Ве остави без здив
Толку нежност! Толку убавина! Нема да останете рамнодушни...Задолжително погледајте
5
Календар на вакцинација
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...
5
Кога доењето боли
Повеќето од мајките додека дојат барем еднаш имаат проблем со болно доење. Ретки се оние кои никогаш не осетиле барем ед...
4
Кувар за бебе: Три вкусни кашички со цвекло
Количината на минерали, јагленохидрати и белковини кои ги содржи, го прават цвеклото супер здрав зеленчук. Цвеклото е бо...
4




Анкета

Sisence za bebe
Goga 27

Kakvo sisence koristi Vaset_o bebe?

Stakleno (51%)

Plasticno (49%)


Број на сите гласови: 55

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!