Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Независно од тоа дали сте ја планирале бременоста или не, во моментот кога ќе ја видите втората сина линија на тестот за бременост, таа мала линија која менува се', најверојатно најпрво ќе побарате џин-тоник, за да ја примите, прифатите и обработите веста.
Ах! Утрински мачнини! Најдобар лек за тоа е да каснете нешто. И додека го подготвувате сендвичот кој едвај чекате да го изедете, наеднаш ви станува лошо и го фрлате.
Во првите неколку недели, пред стомакот да почне да ви се познава, ќе забележите позитивен расцут во пределот на вашите гради. Ќе се погледнете во огледало и ќе помислите дека вашите гради не изгледале никогаш подобро, а вашиот партнер ќе се согласи со вас. Но ако по ѓаволите се приближи до овие прекрасно обликувани гради, ќе летаат истрели!
Во првото тромесечие, сосема ненадејно ќе почувствувате таков замор, каков не сте почувствувале во животот – ќе ви требаат најмалку 12 часа сон. Но за жал, нема да ги добиете, бидејќи мора да станувате за во WC на секој половина час.
Мислиме дека ова е една од најсуровите иронии и може да ве следи низ целата бременост. Вие можеби не сте се напиле ниту една капка алкохол, веројатно сте апстинирале при секое јадење на скара, сте го гледале вашиот партнер и вашите пријатели како наздравуваат на родендени и веројатно сте се напиле една голтка алкохол на новогодишната прослава, за да се чувствувате малку празнично. И покрај тоа, се разбудувате секое утро со сува уста, со главоболка и слабо гадење, што ве потсетува на проклетиот мамурлак.
Ќе гледате како лакот од ноктите на вашите нозе паѓа, а вие не можете да се наведнете за да се налакирате. Предупредување: Не барајте од сопругот да го направи тоа, ако не сакате да изгледате како прегазени. Замолете ја мајка ви или другарка ви.
Може да почувствувате огромен скок на вашето либидо – но одеднаш тука е и главоболката за да ве спречи во водењето љубов.
Некои иронии на бременоста се сурови не само за нас, туку и за нашиот партнер. На пример: во еден од оние денови, кога се чувствувате како кит и размислувате: “Сакам да ми каже дека сум се уште убава”, тој ќе го почувствува моментот и ќе каже:”Драга, прекрасна си”...А вие заради некоја причина ќе сакате да му удрите тупаница во фацата.
Кон крајот на бременоста, кога сте навистина голема и чувствувате голема потреба за храна, мечтаете да отидете во некој ресторан да се сместите добро и да јадете најмалку пет часа. Но одеднаш чевлите кои до вчера ги носевте ви се мали, бидејќи нозете ви се претвориле во плочи.
Повеќе нема главоболки, болки во грбот, вашите нозе ќе се вратат во нормална големина и знаете што?
Дури и ако го гледате бебето како мирно спие во креветчето, вие ќе ја ставите раката на стомакот, бидејќи веќе ви недостасува бременоста.

12
8
5
3
забава Бремените
Автор: bobik
Соодветни мача рецепти за бремени жени
Мача чајот е познат по антиоксидансите, нежната енергија и смирувачкио...
10 знаци дека сте преминале од вљубеност во љубов
Кога пеперутките се смируваат, а чувството станува подлабоко....
Совети за природна подготовка за породување
Подготовката за породување не започнува со контракциите, туку многу по...
Од која недела фетусот може да чувствува болка?
Прашањето дали и кога фетусот чувствува болка е тема која често се пој...
Најдобри вежби за жени кои се обидуваат да забременат
Кога се обидувате да забремените, фокусот често е на исхраната, суплем...