|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Здравје и нега

Систематски преглед
На двегодишна возраст на детето повторно ќе му биде закажан систематски преглед. Ќе се сретнете со педијатар кој ќе го прегледа детето и ќе го оцени неговиот развој и по потреба ќе ве советува и ќе одговори на вашите прашања. Цел на систематскиот преглед е следење на растот и развојот, утврдување на физичкото и душевното здравје со цел рано откривање на болести, заради рано лечење и рехабилитација. Исто така има цел да открие неповолни социјални услови и нездрави животни навики во семејството во кое детето живее. Прегледите се во 1, 3, 6, 9, 12 и 18 месец, а потоа во 2 и 4 година.

Грижа за нежната детска кожа

Детската кожа е многу нежна и танка и затоа и е потребна посебна нега. Без оглед на годишното време треба да се погрижите кожата на вашето доенче да биде заштитена од сонце. Соодветен крем за деца, ја штити кожата на вашето доенче. Освен тоа, во зима ги спречува оштетувањата на кожата кои можат да се појават како последица на ладното време и ветрот.

За кожата да биде како што треба, важна е и употребата на примерен сапун. Користете благи сапуни без додатни мириси, а после капење или туширање детето секогаш намачкајте го со крем.

Децата од 2 до 3 години можат да користат балсам за усни, за да не им испукаат усните како во лето така и во зима. Купете балсам наменет за деца. “Шминкањето” посебно ќе ги воодушеви девојчињата. Балсамот секогаш нека им стои спремен во џепчето. Така ќе бидат горди на својата самостојност и почесто ќе го ставаат на уста. Секогаш проверете дали е добро затворен за да не се разлие во детските алишта.

Заштита на очите

И очите треба да се заштитат од ултравиолетови зраци, бидејќи можат да ги повредат детските очи. Повредите можат да предизвикаат дури и слепило. Две до три годишни деца со задоволство носат наочари за сонце. Бидете внимателни и купете наочари со сета потребна заштита. Консултирајте оптичар, за да направите што подобар избор. Никако немојте да купувате евтини наочари, затоа што можете да ја засилите опасноста од сонце. Пазете да не купите премали или преголеми наочари. Материјалот од кој се направени нека биде што поквалитетен.

Нега за забите и усната празнина

Треба да се погрижиме млечните заби да останат здрави, односно да бидат навреме поправени. Единствено на тој начин можеме да очекуваме дека ќе бидат здрави и сталните заби, односно дека ќе биде складен нивниот развој во вилицата. Млечниот заб, кој не се лечи, може многу да го боли детето, а освен тоа претставува извор на штетни бактерии за останатите заби и забното ткиво. Бактериите од забот може да допрат до крвотокот, па преку крвта и во целиот организам. Забот кој неможе да се поправи обично се вади. Тоа понекогаш се прави неколку години пред неговото природно отпаѓање, што може да доведе до неправилен развој на сталните заби. Детето со расипани заби може да има лош здив, тешко да артикулира некои гласови при изговорот, а тоа може да предизвика одбивање од врсниците. Ако родителите го носат детето на заболекар само кога нешто го боли, детето тешко ќе постигне опуштен и однос на доверба со заболекарот.

Прочитајте уште

Развојни фази
Здравје и нега
Спиење
Исхрана
Во градинката
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?