|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Моторички развој
Танчер, архитект, сликар, вајар, атлетичар или имитатор на животни, во сите улоги детето одлично се снаоѓа. Мeѓу новите вештини со кои владее е фрлање на предмет во одреден правец. Знае да ја фати топката, да скока како мало зајаче, да оди на прсти напред и назад, или да прескокнува препрека висока 5 cm. Во овој период добива чувство за ритам и игра ако слушне музика.

Рамнотежата му е постабилна, заради што станува посигурно и пробуда нови работи. Оди со предмет во рака, без да му испадне. По скалите се качува со една нога на една скала. Може да прескокне една или две скали и да стои на една нога.

Околу третиот роденден учи да вози трицикл, и може да почне да се вози во парк или во двор. Го интересираат механички играчки, прекинувачи за светло и разни апарати. Коцките може да ги сложи вертикално или хоризонтално, или да направи мал објект.

Со две и пол години се обидува да нацрта вертикална и хоризонтална линија, распоредува облици во групи (круг, квадрат, триаголник) и прецизно сече со ножички. Може да направи колца од пластелин и може да сложи сложувалка од три или четири делови.

Однос кон врсниците

Во третата година од животот детето најмногу сака да си игра во присуство на други деца, но сеуште не со нив. Потребна му е помош и упатства од возрасните. Посесивно е кон своите играчки и не сака да ги подели со другите деца. Ги имитира активностите на родителите, разбира едноставни упатства и често се противи на желбите на родителите. Сака да наредува. Не сака промени, ја сака секојдневната рутина. Не го интересираат емоциите на другите луѓе, не знае да сочувствува туку мисли дека сите се подредени на неговите чувства.

разните облици на играње доведуваат до кавги заради играчките. Тоа е нормална и секојдневна рутина меѓу врсниците и браќата и сестрите.

Дете кое сеуште не наполнило три години не знае што значи да размени, дели, учествува. Кога деца од различна возраст играат заедно во нивно присуство треба да има возрасна личност која ќе интервенира во случај на кавга.

Тежнеење кон самостојност

Детето е доста активно, љубопитно, немирно, се противи на ограничувањата. Ги тестира границите на возрасните и сака да знае каква е неговата моќ врз нив. Во овој период почнуваат да се менуваат односите со родителите, останатите членови од семејството и познаниците. Менувањето на односите кон родителите може да резултира со страв, тежина или агресивност. Тоа се манифестира преку цицање на палецот, ноќни мори, или ноќно мокрење. Исто така ова е период на смеење и многубројни бељи, бидејќи детето има добра смисла за хумор.

Развој на говор

Детскиот речник сега има отприлика околу 300 зборови од кои детето знае да обликува едноставни и граматички точни потврдни реченици. Стално поставува прашања кои почнуваат со ШТО и КОЈ. Се повеќе го радува римување, песнички и приказни.

Многу родители се загрижени ако нивното дете само ги слуша разговорите и многу од тоа разбира, но користи само малку зборови. Децата прво многу повеќе разбираат, а после одредено време почнуваат да користат нови зборови. Без грижа, вашето дете со тоа што слуша запознава многу нови зборови и ги памти, но подоцна ќе почне да ги користи. Ако го присилувате детето да повторува зборови, или да именува предмети, играта на разбирање и говор за него нема да биде забавна и ќе и се спротивставува.

Момчињата ќе прозборуваат подоцна од девојчињата, децата во двојазични семејства на почетокот користат помалку зборови во секој јазик, но подоцна без проблем ќе ги зборуваат двата јазици. Ако вашето дете со две и пол години сеуште не прозборувало, би било корисно да побарате совет од развоен стручњак, кој ќе го прегледа детето и ќе ги открие можните причини. Важно е да се прегледа детскиот слух, кој може да ослаби од многубројни причини и заради тоа да се забави развојот на говор. Најчеста причина за сеуште неразвиен говор е наглувост. Може да се случи да ве упатат кај логопед, или кај друг специјалист. Ако се востанови дека се е во ред, а најверојатно и така ќе биде, ќе морате да го однесете детето на преглед за шест месеци, ако дотогаш сеуште не прозборува. Со две и пол години е вистинско време да побарате совет ако ви се чини дека детето има потешкотии со говорот (тептавење, сиромашен речник) Треба да се нагласи деца многу деца кои подоцна почнуваат да зборуваат, со три години веднаш стануваат мали дрдорковци.

Вешти рачиња

Детето има толку многу вешти рачиња што може да направи предмет само. Девојчињата прават кукли, кои можат да ги користат на повеќе начини. Момчињата обично обожаваат игри во песок и прават автомобили, патишта, аеродроми, градилишта, железници. Во овој период некои деца вежбаат запетлување и отпетлување на петлици, ставање макарони на конец, затоа што со тоа ја вежбаат фината моторика.

Игри на имитирање

Во третата година на детето му е интересно да ги имитира различните активности на возрасните. Во ваквите игри детето ја активира својата фантазија. Некои неживи предмети стануваат живи суштества, неподвижните работи почнуваат да се движат. Кон куклите детето се однесува како кон живо суштество кое може да спие, да јаде и да зборува.

Прочитајте уште

Развојни фази
Здравје и нега
Спиење
Исхрана
Во градинката
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?