Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дали детето треба да оди во градинка?
Градинката е важна за детскиот развој, заради се’ што детето добива таму. Градинката му дава можност за развој на комуникација, прифаќање на себе и другите, договарање, почитување на различностите и соработка во друштво. Ја поттикнува љубопитноста, истражувачкиот дух и фантазијата, развојот на говор, емпатија, разбирање на другите и ликовна креативност. Во градинката е нагласен развојот на моторичките способности и останатите вежби за вештина на рацете. Стручно оспособените лица во градинките на детето му пласираат знаења од различните подрачја на науката и секојдневниот живот. Му помагаат кон поголема самостојност при хигиенските навики и грижата за сопственото здравје. Значи тоа не е само облик на чување, тоа се искуства кои детето неможе да ги стекне ако го чуваат дадилка, баба и дедо.
Првиот пат во градинка
Ако детето сеуште не оди во градинка, односно детски јасли, можеби се одлучивте сепак да го запишете. Мислите дека сега ќе биде поедноставно отколку пред една година? Да и не. Во овој период децата не ги напаѓаат многу вируси, бидејќи се поотпорни и не ставаат се во уста. Сеедно, треба полека да се навикнат на промената.
Прилагодување на градинката
Малото дете не разбира зошто мора да оди од позната и пријатна средина, во непозната. Иако луѓето во градинката се љубезни, него му се непознати и не им верува. Со постапно прилагодување на градинка може да се влијае на позитивен однос меѓу детето и воспитувачките. Присуството на едниот родител на детето му влева сигурност. Детето нека присуствува на вашиот опуштен разговор со воспитувачката, бидејќи тоа ќе му даде чувство дека може да и верува. Првиот месец детето нека ја посетува градинката без прекин. Немојте да го прекинувате прилагодувањето. Тоа секако не е можно ако детето се разболи. Во овој период детето подобро ќе сфати зошто морате да заминете, но на секое Ваше објаснување ќе поставува многу прашања. Одделете малку време и одговорете на секое зошто, како, каде и со кого, иако секое прашање ќе го повтори по неколку пати. Важно е детето да разбере зошто не сте покрај него.
Развојни фази
Здравје и нега
Спиење
Исхрана
Во градинката
Си играме
Добро е да се знае
Развојни фази
Здравје и нега
Спиење
Исхрана
Во градинката
Си играме
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст од 18 до 23 месеци
Следен период: Возраст 3 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Прифаќање на телото после породување
Породувањето е неверојатен подвиг, но телото на жената доживува значај...
Најчести симптоми по месеци од бременоста
Во бременоста телото на жената доживува бројни промени, а симптомите с...
Како да воспоставите рутина за спиење кај бебе?
Спиењето е клучно за здравиот раст и развој на бебето, но за многу род...
Како да се подготвите за породување? Практични чекори
Подготовката за породување е важен дел од бременоста. Добрата подготве...
Најчести причини за машки стерилитет
Машкиот стерилитет е почест отколку што многумина мислат и учествува в...