|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Си играме

Игра на улоги
Детската фантазија во овие години нема граници, заради тоа се безгранични и многубројните игри кои можат да се играат со детето. Една од најважните игри е играта на улоги (преправање дека детето е некој друг). Детето со радост ќе се обиде да ги одигра улогите на сите кои го опкружуваат. Ќе стане мајка и татко и ќе се грижи за Вас, ќе Ве теши, храни и ќе Ви помогне околу основните домашни работи. Кога ќе биде татко, можеби ќе работи и некоја физичка работа. Ако во семејството некој се разболи, може да биде и доктор. Играта ќе стане уште поинтересна ако му дозволите да ја облече вашата облека. Ако имате и некоја перика, тогаш играта на улоги ќе стане една од најинтересните.

Театар

Посебно искуство за детето е посета на театарска претстава. Немојте да пропуштате. Најадекватни за таа возраст се куклени претстави. Уште поинтересно е ако претставата ја посети целото семејство и пријателите.. Детето со интересирање ќе ги гледа случувањата на сцената, но ќе ги гледа и реакциите на браќата, сестрите, врсниците и вашите и ќе учи како да реагира. Вработените во театрите знаат дека е исклучително тешко да се подготви претстава за деца помали од 5 години и заради тоа таквите претстави се реткост. Нив ги подготвуваат одлично оспособени театарски кадри, со богато искуство на тоа подрачје.

Детски игри

Брзината е добро развиена во овој период. Детето цело време е во движење и многу трча. Отворено е за игри со улоги. Со задоволство се преправа дека е некое животно, па имитира со звуци и однесување. Имитира и нему познати професии (лекар, продавач, фризер, глумец, пејач)

Ако детето има свој базен, слободно нека си игра и нека се прска. Во игрите во песок толку е напреднато што знае да да додаде вода, со што го подобрува материјалот за изработка на колачи и останати фигури, гради патишта, подземни железници и населби. за играта во песок потребни му се кантичка за вода, лопатче, грибло, калапи и други различни предмети.

Децата сакаат книги. Најадекватни се интерактивни книги и боенки. Децата секогаш треба да имаат книги со илустрации од светот кој им е познат и кој им е близу. Брзо запомнуваат нови зборови. Заради тоа се препорачливи речници со слика, бидејќи новиот збор побргу ќе го запомни ако го види.

Улога на возрасните во детската игра

Игрите се забавни. Децата потполно се ангажирани кога играат, но по некое време може да се случи ако долго играат една улога, да го преземат однесувањето на ликот. Заради тоа, спрема мислењето на повеќе автори, улогата на возрасните во обликувањето, развојот и процесот на игра е клучна. Возрасните можат да ги поттикнат децата, да ги водат и насочуваат кон повисоките нивоа на играта. Возрасните можат да понудат алтернатива, да ја поттикнат симболичката игра со јасни и изградени содржини и улоги, да ја поврзат играта со разни симболи...

Цртање

Дете од 2-3 години обожава цртање и сликање. Сега е вистинското време да му ги претставите различните техники во уметноста. Освен со фломастер, може да слика и со прсти. Но пред тоа добро подгответе го теренот. Цртањето нека се случува во дневната соба. На подот ставете големо платно, или неколку слоеви весници. Користете бои кои се чистат со вода. Добро заштитете ја својата и детската облека. До себе имајте неколку влажни крпи, за да го избришете детето пред да дојде до купатилото.

Слични подготовки се потребни и за сликање со сунѓер. Детето ќе биде воодушевено кога ќе види дека, со Ваша помош, под печатот на сунѓерот се појавуваат дрво или сонце. На тој начин може да направите и честитки за пријателите.

Цртање по ѕидовите

Децата многу сакаат да цртаат. Ја користат секоја прилика, или подобро, секоја површина за тоа. Како да ги спречите децата да цртаат по ѕидовите? Прво треба да разберете зошто детето сака да црта по ѕидовите. Од една страна затоа што обожава цртање и сака да обои се што ќе му дојде под рака. Од друга страна развојот на телото му овозможува подобар надзор над раката, кога ја има пред себе, отколку кога ја гледа надолу. Ако раката е пред него, координацијата помеѓу раката и очите е многу подобра.

Сеедно, секое семејство неможе да си дозволи ишарени ѕидови и често варосување. Секогаш предупредувајте го детето дека не смее да црта по ѕидовите. Ако го стори тоа, тогаш нека Ви помогне да исчистите. За да може да се изразува уметнички, купете му сталажа за цртање за деца. Исто така на ѕидот може да залепите хартија, но внимавајте да биде доволно широка. Можеби детето полесно ќе црта лежејќи на стомак, ако хартијата ја ставите на подот.

Прочитајте уште

Развојни фази
Здравје и нега
Спиење
Исхрана
Во градинката
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?