|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Три Пепелашки на Pickbox

Натусана, 5.5.2015
Еден од омилените и уште ненадминати филмови на „Дизни“ е „Пепелашка“ од 1950 година, во кој студиото „Дизни“, иако било на работ на банкрот, вложило тогаш неверојатни три милиони долари
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Ако „Пепелашка“ не добила масовна популарност, „Дизни“ ќе пропаднеше, а ние никогаш немаше да ги видиме сите генијални филмови кои со децении н? развеселуваат нас, нашите родители, па и дедовците и бабите.

 

На Pickbox пристигнаа три „Пепелашки“, Пепелашка, Пепелашка 2 и Пепелашка 3, а вие дознајте дали двете модерни верзии успеале да ја достигнат убавината на класиката на „Дизни“ од 1950-тите.

 

 

Класичната Пепелашка за сите генерации

 

Трансформацијата на Пепелашка, која носи скромен фустан на слугинка, во прекрасна принцеза со фустан за бал, му била омилената анимација на Волт Дизни во целиот филм. Таа и многу други преубави сцени од филмот „Пепелашка“ нему му донесоа дури три номинации за „Оскар“, а американскиот Филмски институт го смести на деветтото место на најдобрите анимирани филмови во историјата.

 

Заразната песна „Бибиди Бобиди Бу“ веднаш стана хит, а Ајлин Вудс, која ? го позајми гласот на Пепелашка, победи 309 девојки кои се натпреваруваа за улогата на Пепелашка бидејќи само нејзиниот прекрасен глас го маѓепса Волт Дизни.

 

 

Модерна адаптација на класиката

 

Пепелашка конечно станува прекрасна принцеза, а саканото глувче на Пепелашка посакува човечки облик, додека една од лошите сестри на Пепелашка научува да се насмевнува и се заљубува во пекар.

 

Иако Пепелашка 2, кој имаше заработка од над 125 милиони долари и беше снимен во Јапонија, излезе дури 52 години по првиот цртан филм за Пепелашка и претставуваше еден вид негова адаптација и продолжение на приказната за популарната принцеза, на продуцентите најголема инспирација за работата на филмот им беше токму класиката од 1950-тите.

 

 

Неволи во рајот

 

Пепелашка и принцот се заедно веќе една година, но кога злобните сестри на Пепелашка го крадат волшебното стапче, таа повторно се наоѓа на почетокот. Во Пепелашка 3 конечно ќе видиме како принцот се бори за својата принцеза и колку е силна неговата љубов.

 

Иако можеби би било логично „Пепелашка 3“ да го продолжува дејството од „Пепелашка 2“, оваа верзија од 2007 година, која доби многу добри реакции и од критиката и од публиката, исто така е продолжение на „Пепелашка“ од 1950-тите години. Интересно е тоа што „Пепелашка 3“ е снимена во студиото на „Дизни“ во Австралија, кое е затворено веднаш по завршувањето на филмот, а сета опрема е распродадена на аукција.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

АКЦИЈА: Вечерва е „Часот на планетата Земја“
Од 20:30 до 21:30 часот вечерва по македонско време по осми пат се одржува глобалната еколошка акција „Час на планетата ...
4
Франција
Франција има околу шеесет и пет милиони жители. Со три копнени и три водни страни земјата има форма на шестоаголник.
3
ВИНЧИНИ - Спонзор на наградната игра на Ри...
Уживај во слаткиот вкус!!! / А TASTE TO ENJOY!!!
3
Кои слатки производи на Винчини Ви носат п...
Поени добивате со собирање Винчини производи: лепче намачкано со Алми крем, Винчини лого, мафинче со Алми мафин лого и Т...
3




Анкета

Koj mesec
Jana9

Koj mesec ke odite na letuvanje?

Juni (0%)

Juli (50%)

Avgust (50%)

Septemvri (0%)

Oktomvri (0%)

Nema da odime (0%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!