|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Силата на добрината во свет полн со горчина. Зошто токму кога сме повредени, треба да одбереме добрина?

Колумна на Давид Давидовски, 15.8.2025
Во време кога грубоста станува одбрана, а горчината секојдневие, добрината изгледа како слабост.

image
Добрина
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Но токму тогаш, кога сме најповредени, кога срцето ни е обвиткано со разочарувања, изборот да бидеме добри е најмоќната храброст што можеме да ја покажеме.

Добрината не значи да простиш сè или да заборавиш што ти сториле. Таа значи да не дозволиш болката да те претвори во нешто што не си. Да не дозволиш туѓата темнина да ја изгаси твојата светлина. Затоа, кога ќе те повредат, не одговарај со иста болка, одговори со достоинство, со мир, со добрина.

Зашто добрината не е наивност. Таа е изборот на оние што знаат што е болка, но одбираат да не ја пренесат понатаму. И во тоа лежи нејзината вистинска сила.

 

Зошто токму кога сме повредени, треба да одбереме добрина?

Кога сме повредени, најлесно е да возвратиме со истата болка. Да кажеме збор што боли, да се затвориме, да станеме огорчени. Но секој таков чекор не нè лекува, само ја продолжува болката, како верижен круг без крај.

 

Пример на добрина кога си повреден:

Замисли девојка што со години го сака својот партнер, му дава сè, љубов, поддршка, верба. И еден ден дознава дека ја изневерува. Болката е незамислива. Првата реакција би била лутина, освета, гнев. Но наместо тоа, таа избира тишина. Го напушта без викање, без навреди, без понижување. Му пишува само една порака: „Благодарам за сите убави мигови. Ќе се лекувам сама, но ти посакувам да се пронајдеш.“

 

Можеби тој нема никогаш да ја разбере тежината на тие зборови. Но нејзината добрина го прекинува кругот на болка. Таа не дозволила неговата неверна љубов да ја претвори во огорчен човек. Таа се избрала себе, избрала мир, избрала добрина, не затоа што тој го заслужил, туку затоа што таа знае која е.

 

Тоа е силата на добрината, да го чуваш своето срце чисто, дури и кога е скршено.

Биди добар токму тогаш кога најмалку имаш сила за тоа, затоа што токму тогаш твојата добрина е највредна. Таа не е слабост, туку најчист израз на твојата внатрешна сила.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Франција
Франција има околу шеесет и пет милиони жители. Со три копнени и три водни страни земјата има форма на шестоаголник.
3
Добитници на награди - вторник
БРАВО за Рингераја.мк! Напред девојки!
3
Да и помогнеме на Дарија Калиновска
Добредојдена е секоја помош од хуманите луѓе!
3
Спиеме 7 души во ист кревет и јадеме корки...
Седумчленото семејство Кочоски во нехумани услови за живот престојува во куќа во населбата Драчево, која е во фаза на ра...
3




Анкета

име за машко
marija.rizovski

Кое име ви се допаѓа повеќе

Кире (16%)

Димитар (38%)

Јован (47%)


Број на сите гласови: 77

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!