|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што ја гради самодовербата кај детето?

Редакција Рингераја, 22.2.2012
Уште во најраното детство децата почнуваат да стекнуваат впечаток колку се сакани и која е нивната улога во надворешниот свет. Тоа е многу важен момент за нив

image
/11


 

 

На сите деца им е потребна љубов и почитување, а посебно обрнување на позитивно внимание. Но колку често родителите ги користат поттикнувачките зборови “одлично”,  “добро го направи тоа” или  “точно така”? Без оглед на возраста, добрата комуникација меѓу родителите и детето и клучна за градење на самодоверба.

Самодовербата е индикатор за добро ментално здравје. Заради недостатокот на самодоверба не треба да се срамиме. Поединечниот сомнеж во себе, посебно за време на детството е сосем нормален, дури и здрав. Но лошата самодоверба не треба да се игнорира. Во одделни случаи може да биде симптом на некое ментално пореметување, или емоционална борба.

 

Родителите можат најмногу да им помогнат на децата да имаат добро мислење за себе и да изградат сигурни темели на самодоверба.

 

Тоа е важно бидејќи децата со добра самодоверба се : независни, одговорни, се гордеат со своите достигнувања, толерираат фрустрации, добро го поднесуваат притисокот од околината, им помагаат на другите.

Зборовите и делата имаат големо влијание на развој на самодовербата и детето се сеќава на позитивните изјави кои му ги давале родителите. Фразите како “Ми се допаѓа како ти...” или “Стануваш се подобар во...”, би требало да ги изговарате секојдневно. Родителите исто така можат да намигнат, да се насмеат, да го потупкаат по грб, или да го прегрнат детето,, покажувајќи му дека го почитуваат.

 

Што можат родителите да направат?

-        Научете да размислувате позитивно. Многу е важно родителите да ги пренасочат неточните или негативните уверенија на децата и да ги научат како да размислуваат позитивно.

-        Да избегнуваат критики кои се темелат на исмејување. Чувството на вина и негативната осуда градат лоша самодоверба и можат да доведат до емоционални пореметувања.

-        Научете да донесувате добри одлуки и да препознавате кога детето донело добра одлука. Нека има свои проблеми. Ако ги реши, ќе изгради самодоверба. Ако Вие ги решите, ќе зависи од Вас. Имајте време да одговорите на неговите прашања и помогнете му на детето да смисли алтернативни решенија.

-        Покажете му на детето дека можете да се смеете на сопствена сметка. Покажете му дека животот не мора постојано да биде сериозен. Вашата смисла за хумор е важна за самодовербата кај децата.

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?