Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Веќе седум години повеќе генерации деца и родители растат со детската емисија 5+, со познатите ликови Петко, Мина, Мири, Цветко и Виви. Со 5+ драмското студио ја продолжуваме мисијата со која на децата им овозможуваме да растат и учат за да можат подобро да се разберат себеси и светот околу нив.
5+ Драмското студио е место во кое децата преку часовите по глума ќе ги развијат своите говорни вештини, имагинацијата, ќе стекнат самодоверба и нови пријателства. Покрај тоа, акцент ќе се стави и на развивање на љубовта на децата кон уметноста и литературата преку обработка на драмски текстови од познати македонски и светски автори. Децата од драмското студио ќе имаат можност да учествуваат во детската емисија 5+, а на крајот од годината ќе се претстават со завршна претстава.
Групите ќе бидат составени од најмногу 15 деца предводени од професионални едукатори секој час, со што секое дете ќе добие соодветен третман и ќе се следи неговиот развој и напредок.
Во 5+ Драмското студио со децата ќе работи Маја Љутков – дипломиран актер која е дел од детската емисија 5+, актерот Филип Кипровски добро познат меѓу децата од серијата “Умни Глави“ како и Александра Стојановска –актер со големо интернационално искуство во областа на културниот менаџмент, неформалното образование, детските права и едукација.
Часовите ќе се одржуваат попладне, два пати неделно во времетраење од час и половина, во текот на целата учебна година во просториите на ЕКЗЦ СПИРИТ (спроти зградата „Нова Македонија“).
Пријавувањето трае до 20 Октомври 2013 на е-пошта: dramsko@5plus.mk или на 077-518-318.
Единствен предуслов за пријавување е детето да е на возраст помеѓу 6 и 12 години. Месечната членарина ќе биде 1500 денари.
Со почит,
Тимот на Пет Плус
забава Бремените
Автор: bobik
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за р...
Вековната дилема конечно добива подлабоко објаснување. Дали пилешкото ...
Избегнувајте ги овие 2 пијалаци
Нашето тело е прецизен хормонски механизам. Секојдневните избори кои г...
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.