|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Отворени уписите во 5+ драмско студио

ОХО Продукција, 23.9.2014
Задоволство ни е да Ве информираме дека детскиот телевизиски проект 5+ чиј продуцент е ОХО, втора година продолжува со проектот 5+ Детско Драмско Студио, за кој уписите се во тек

image
/11


 

5+ Драмското студио е место во кое децата преку часовите по глума ќе ги развијат своите говорни вештини, имагинацијата, ќе стекнат самодовреба и нови пријателства. Покрај тоа, акцент ќе се стави и на развивање на љубовта на децата кон уметноста и литературата преку обработка на драмски текстови од познати македонски и светски автори.

 

Изминатата година, децата членови на 5+ драмското студио беа ангажирани на повеќе рекламни спотови и неколку хуманитарни акции, беа дел од музичкиот спот за песната „Автобус“ со Петко, Цветко и групата „Пеперминт“,  редовоно имаа епизодни улоги во детската емисија 5+,  а на големата сцена во Драмски театар во Скопје се претставија пред полна сала со претстава „Алиса во земјата на чудата“.

 

Веќе осум години повеќе генерации деца и родители растат со детската емисија 5+, со познатите ликови Петко, Мина, Мири, Цветко и Виви. Со 5+ драмското студио ја продолжуваме мисијата со која на децата им овозможуваме да растат и учат за да можат подобро да се разберат себе си и светот околу нив.

 

 

Во 5+ Драмското студио со децата ќе работи Маја Љутков – дипломиран актер која е дел од детската емисија 5+, актерот Филип Кипровски добро познат меѓу децата од серијата “Умни Глави“ како и Александра Стојановска –актер со големо интернационално искуство во областа на културниот менаџмент, неформалното образование, детските права и едукација и Драгана Милошевски Попова дипломиран актер и режисер со долгогодишно искуство во театарската уметност, работа со деца и работа на голем број детски претстави.

 

Часовите ќе се одржуваат попладне, два пати неделно во времетраење од час и половина,  во текот на целата учебна година во Детскиот Културен Центар „Карпош“ (поранешен Пионерски дом Карпош).

Пријавувањето е на е-пошта: dramsko@5plus.mk или на 077-518-318.

Месечната членарина ќе биде 1500 денари.

 

1

 

Со почит,

Тимот на Пет Плус

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку сте поинакви од другите?
Во свет каде сe почесто се бара униформност: сличен изглед, иста амбиција, идентична среќа, прашањето „колку си поинаков...
3
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие што ја носат најголемата мудрост.
3
Храброста на тивкото срце
Постојат одлуки што не можеме да ги донесеме со логика. Колку и да пресметуваме, анализираме или слушаме туѓи совети, ср...
3
Пријателите се светлина низ годините
Една од најубавите вредности со која можеме да бидеме благословени што може да ја имаме во животот е пријателството што ...
3




Анкета

Dali?
Jana9

dali ste zavisni od soping?

Da (40%)

Ne (20%)

Ponekogas (40%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!