|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Првиот претседател на Република Македонија

image
/21


Киро Глигоров (родено име: Киро Панчев) (роден на 3 мај 1917 во Штип) е македонски политичар и правник, кој беше првиот Претседател на Република Македонија, функцијата која ја извршуваше во два мандати од 1991 до 1999 година. За претседател на РМ бил избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја врши до 19 ноември 1999 година.

Во текот на своите два мандати ја промовира политиката на "eквидистанца" кон сите соседи на земјата: Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија. За време на неговиот мандат се случиле некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија: на референдум била прогласена независноста на земјата на 8 септември 1991 година, а Македонија била и единствената од бившите југословенски републики која се осамостоила по мирен пат. На 17 ноември 1991 бил донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија станала 181 членка на Обединетите нации.

Заедно со Борис Трајковски, Глигоров во 2005 година станал прв носител на „Орден на Република Македонија.

 

Детски години


Киро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Потекнува од просечно македонско семејство за тоа време. Татко му бил занаетчија а мајка му домакинка. По презиме, Глигоров бил роден како Панчев, но бидејќи татко му бил бојаџија често пати во градот неговото семејство ги нарекувале и како Бојаџиески.

Кога наполнил доволно години за да посетува училиште, односно во 1924 година, директорот на тогашното српско основно училиште во Штип му го променил името и презимето како Ќирило Глигоровиќ. Со такво име тој се задржал се до 1941 година. Од 1928 година се запишал на тогашната прогимназија во Штип, каде некое време работел како библиотекар. Истото го завршил во 1932 година. Своето средно образование го продолжил во Скопје на Машката гимназија, каде станал и член на гимназискиот кружок. Во 1936 година се запишал на Правниот факултет во Белград. Подоцна, се вклучил во илегалното македонско друштво “Вардар“ каде станал негов секретар. Во 1939 година бил уапсен под сомнение дека работел против тогашниот империјалистички режим. Но, набргу бил пуштен. Истата година, во месец јуни, Глигоров дипломирал на Правниот факултет.

 

 

Избор за прв претседател на Република Македонија (1991-1994)


Со воведување на повеќепартискиот систем во Македонија, започнало мегупартиските консултации околу предлагање на личност за кандидат за претседател на Република Македонија. Таква функција дотогаш во Македонија не постоело. Така, биле установени Амандмани на Уставот на СР Македонија, кои го навестиле конституирањето на Македонија како суверена држава. Тогаш било одржана седница помеѓу трите најголеми политички партии во Македонија: СКМ-ПДП (реформирани комунисти), ВМРО-ДПМНЕ и Сојузот на Рефромските сили на Македонија. По неуспешната идеја кандидат за претседател на Република Македонија да биде митрополитот Скопски и Повардарски Михаил, тоа му било понудено на Киро Глигоров.

Така, во почетокот на новата 1991 година, односно десет дена по конституирањето на Собранието на Македонија, на дневен ред дошло и расправата околу изборот за претседател на Социјалистичка Република Македонија. По првото тајно гласење, Киро Глигоров не ги добил потребните две третини од гласовите, поради немање подршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ПДП. Тогаш, тој добил 60 од потребните 80 гласови за избор на претседател.

Но, по само три дена, ВМРО- ДПМНЕ излегла со соопштение дека ќе ја подржи кандидатурата на Глигоров само доколку за потпреседател и премиер на државата биде избран личност кој е член на нивната партија. Така, на 27 јануари 1991 година, на седницата на Собранието на Република Македонија, со 114 гласови “ЗА“ , Киро Глигоров бил избран за прв претседател на Република Македонија. На 7 март му го доверил мандатот на експертската влада на Никола Кљусев.

 

Започнување на немирите и војната во СР Југославија


Во почетокот на 1991 година дошло до тотално распаѓање на комунистичка СФРЈ. Но, целата југословенска јавност станувала се позагрижена поради конфликтите кои се заострувале помеѓу јужнословенските народи. Со избувнуивањето на немирите на Косово, а подоцна и на Плитвичките езера во Хрватска и Вуковар, во залудна ситуација влезе и Македонија со испраќање на војници на бојните полиња. Подоцна започнал и протестот на мајките кои нивните синови ги испратиле во Босна, каде Киро Глигоров се залагал и ги уверувал дека македонските војници ќе бидат вратени назад во својата матична земја. Самиот Глигоров во овој конфликт се залагал за што е можно побрзо повлекување на ЈНА од просториите на Македонија, и сето тоа да протече без никакви инциденти. На 28 март Глигоров учествувал на самитот на претседателите на југословенските републики во врска со зачувување на пријателските односи помеѓу словенскиот народ, а подоцна, на 6 јуни 1991 година била предложена Платформа помеѓу Глигоров и Изетбеговиќ.

Истоивремено, Глигоров, како претседател на Македонија директно учествувал со генералот Анџиќ во врска со начинот за повлекување на ЈНА од Македонија. Така, бил постигнат договор според кој дислокацијата на ЈНА од Македонија требало да се заврши до 15 април 1992 година. Во овој поглед, Глигоров имал голем придонес околу зачувувањето на мирот и стабилноста во Македонија.

 

Референдум за независност

 

Република Македонија со референдумот кој се одржал на 8 септември прогласи независност. По овој повод претседателот на Република Македонија Киро Глигоров ги поздравил насобраната толпа луѓе со следниве зборови: “Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“.

 

Атентат врз претседателот Глигоров


На 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија бил извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеал атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загинал неговиот возач Александар Спировски, а бил повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегнал и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот бил извршен со автомобил-бомба на 3 октомври во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот "Бристол" во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Бомбата, поставена во автомобил Ситроен Дијана, експлодирала кога автомобилот на претседателот минувал покрај неа. Од силината на експлозијата, ситроенот бил целосно распарчен, а делови од возилото се разлетале наоколу. Автомобилот бил намерно избран за поставување на бомба, затоа што има тенок лим кој може од експлозијата да се распадне во повеќе смртоносни шрапнели. Еден таков шрапнел и го убил возачот на претседателот.

Нападот дошол по само еден ден откако во Скопје претстојувал претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, при што претседателите на двете земји постигнале договор за мегусебно признавање на двете земји.

Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров с? уште не се познати.(октомври 2008) Во 1995 година, по неколку месеци од атентатот, како еден од можните атентатори, разузнавачката служба ги посочила „Ослободителната војска на Македонија“ со седиште во Австралија. Потоа, тогашниот министер за внатрешни работи како нарачатели ги посочил бугарската “Мултигруп“ или југословенската “КОС“ но не се пронајдени тврди докази околу нивната вмешеност во атентатот. Подоцна, водството на бугарската организација “Мултигруп“ лично дошло во посета кај Глигоров за да ги отфрли тие шпекулации. Во април 2008 година во Република Македонија дошла ингормација преку дневните медиуми дека организатор на атентатот била албанската организација “Кос“, но оваа информација не е потврдена.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга "Атентат - ден потоа", што ја промовирал во 2002 година.

 

По завршување на мандатот


По пензионирањето, Киро Глигоров бил активен како публицист. Неговите мемоари "Македонија е се што имаме" кој ги објавил во 2001 година, во Република Македонија биле прогласени како бестселер кои многу бргу доживеале и второ издание. Глигоров е основач и на фондацијата Глигоров што поддржува проекти од културата и уметноста.

 

Почина на 1. јануари 2012 година, на 95 годишна возраст.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Малите рачиња играат и плескаат
Детско катче
2
Слатки слатки песнички
Песни за најмалите
2
Зборувај ми, мила мамо
Песнички за најмалите
2
Ало, амбуланта
Песнички за најмалите
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?