Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Постои племе во Африка каде што датумот на раѓањето на детето не се смета од денот кога е дојдено на свет, ниту од моментот кога е зачнато, туку од денот кога детето се родило како мисла во мајчиниот ум. Тогаш кога жената ќе одлучи дека сака да има дете таа седнува сама под едно дрво и слуша додека не ја слушне песната на детето кое сака да дојде.
Откако ќе ја слушне песната, се враќа кај мажот кој ќе биде татко на детето за и тој да ја научи песната. Потоа, откако ќе водат љубов за да го зачнат детето, некое време ја пеат песната на детето, како начин да го повикаат.
Кога ќе забремени, мајката ги учи бабиците и другите жени во селото да ја пеат песната на детето, за да му посакаат добредојде кога ќе дојде на свет. Подоцна кога детето расте и другите селани ја учат песната на детето. Ако детето падне и го повреди коленото, некој ќе го крене и ќе му ја запее песната. Или кога детето ќе направи нешто убаво, или ќе помине низ пубертетот, луѓето во селото ја пеат неговата или нејзината песна.
Ако во било кој момент од неговиот живот, личноста направи злочин или антисоцијален чин, ја повикуваат во центарот на селото и сите луѓе од заедницата ја опкружуваат. Потоа и ја пеат нејзината песна.
Племето сфаќа дека корекцијата на антисоцијалното однесување не е казна, туку љубов и потсетување на идентитетот. Кога ќе ја препознаете сопствената песна, немате желба да направите нешто со што ќе ги повредите другите.
Не морате да израснете во африканско племе кое ќе Ви ја пее Вашата песна на сите круцијални животни премини, бидејќи животот Ве потсетува кога сте во склад со себе, а кога не сте. Кога се чувствувате добро, тоа што го работите е во склад со Вашата песна, а кога се чувствувате ужасно, не е. На крајот, сите ќе ја препознаеме нашата песна и ќе ја пееме добро.
Можеби малку треперите во овој момент, но тоа им се случува и на најдобрите пејачи. Само продолжете да пеете и ќе го откриете патот до дома.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?