|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Едно дете во кома, две со последици од дијабетес!

Редакција Рингераја, 25.7.2018
Едно дете е во кома, две се со тешки последици оти навреме не им е откриен дијабетес, алармира асоцијацијата за детски дијабетес, Баланс МК

image
/11


Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК алармира дека 14-годишно дете од Охрид се бори за живот, бидејќи навреме не му бил утврден дијабетес тип 1. Тоа е во кома и во моментов е на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), велат од Баланс МК. Две други деца, на кои исто така навреме не им е откриен дијабетесот, со тешки кетоацидози се лекуваат на Клиниката за детски болести. Овие три случаи, како што велат од Асоцијацијата, се откриени само неделава.

„Во последнава седмица три наши дечиња, од Македонија – четиригодишно дете од Свети Николе, деветгодишно дете од Гевгелија и 14-годишно дете од Охрид поради човечката и пред сè докторска некомпетентност и незнаење, односно погрешно утврдени дијагнози биле доведени во животозагрозувачка состојба! Трите деца имале дијабетес тип 1. Но, оние кои што медицински ги третирале едноставно тоа првично не го утврдиле па ги лекувале така како што ги лекувале. Во моментов четиригодишното и деветгодишното дете се вон животна опасност со претуркани тешки форми на кетоацидози. 14-годишното дете од Охрид е сè уште во кома и во тешка здравствена состојба. Тоа сега е сместено на КАРИЛ – кома центарот за реанимација и интензивна нега при Клинички Центар“, велат од Баланс МК.

Асоцијацијата бара од Министерството за здравство во рок од 48 часа да го истражи случајот и сите одговорни за трагедијата со трите деца да бидат соодветно нормативно процесуирани, вклучително и кривично.

„Во име на сите членови на Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс Мк, во име на сите деца во Македонија со дијабетес тип 1 објавуваме дека ќе тргнеме во беспоштедна борба со сета неписменост за оваа воопшто неретка болест. Во Македонија 180.000 лица боледуваат од дијабетес, а ние не знаеме што е дијабетес, ниту ја препознаваме неговата симптоматологија“, велат од Баланс МК.

Од Клиниката за детски болести потврдија дека за една недела кај нив биле хоспитализирани три деца со дијабетес, односно во периодот од 17 до 24 јули. Најкритична е состојбата на 14 годишното дете примено вчера, кое со возило на Брза помош е донесено од болницата во Охрид.

„Веќе биле изготвени првични анализи кои укажувале на дијабетес. По приемот на Клиниката детето поради возраста е упатено на КАРИЛ, каде по приемот е интубирано и поставено на апарат за механичка вентилација. Лекарите од оваа клиника заедно со педијатрите од Одделот за Ендокринологија работат на стабилизација на состојбата на детето. Во моментов се прави сè што е утврдено согласно протоколите за работа“, велат од Клиниката за детски болести.

На Детска клиника на 17 јули е примено дете на возраст од три години, а на 19 јули деветгодишно дете, кај кои исто така е утврдена состојба на дијабетес.

„Детето е примено на Одделот за ендокринологија направени се иследувањата и согласно протоколите, дадена е терапија. По неколку дена пратено е дома“, велат од Клиниката за детски болести.

Деветгодишното дете на Детска клиника е препратено од општата болница Гевгелија.

„Детето било со симптоми на дехидратација и првично било стабилизирано во болницата во Гевгелија. Но, по влошување на состојбата е пратено на дополнителни иследувања на Клиниката за детски болести. По неколку дена состојбата на детето е подобрена, но сè уште е на Одделот за ендокринологија и е во добра општа состојба“, велат од Клиниката за детски болести.

Клиниката за детски болести вели дека не е прв пат да примаат пациенти во тешка состојба и дека на одделот за ендокринологија постојано имаат нови пациенти.

„Токму поради тоа што се работи за сериозно заболување кое може да даде тешка клиничка слика, Здружението на педијатри од септември планира да спроведе низа обуки и едукации кај матичните лекари за навремено препознавање на раните симптоми на болеста и првичен третман“, велат од Клиниката за детски болести.

Е. БОЧВАРОСКА

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2
Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
2
Рингераја времеплов
По што ќе ја паметиме годината која изминува?
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?