Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Валентиново можеме да го сакаме и мразиме, да бидеме рамнодушни кон него, но како и секоја година ќе стигне 14 февруари. Сепак мора да признаеме дека тој празник на љубовта и романтиката може да биде добра можност во своите врски и бракови, кои често се преполни со секојдневни грижи и обврски, да внесеме малку љубовни “зачини”, кои можат да ни го разубават не само тој ден, туку и да не потсетат заради што толку ја сакаме личноста со која сме.
За тој љубовен “зачин” е потребно многу малку. Не треба да трошите пари на скапи излегувања, вечери, подароци...
Валентиново можете да го прославите и дома, а најважно од се е драгата личност да биде со вас, па заеднички да го поминете времето правејќи работи за кои инаку нема да имате доволно време...
Заради тоа ви даваме неколку идеи, кои можат да бидат одлична прослава на Денот на заљубените на ваш посебен начин. Запомнете, најважно е да сте заедно...
Договорете филмски маратон, со заедничките омилени филмови, или телевизиски серии, или пак изгледајте еден филм по ваш, или негов избор.
Заеднички подгответе вкусно јадење и направете романтична вечера за двајцата со свеќи. Ако не сакате да готвите, нарачајте достава од омиленото јадење од ресторан.
Направете го омилениот десерт и јадете го – голи.
Играјте покер или некоја друга игра со соблекување.
Ако сакате да танцувате, направете компилација од омилените песни и танцувајте.
Отворете шише вино и уживајте пиејќи го полека.
Направете листа на желби кои сакате заеднички да ги остварите.
Доколку имате можност, запалете оган во дворот, па испечете нешто како да сте на кампување...или подгответе кошничка за кампување со храна и пијалок. Ако надвор е многу ладно, направете пикник дома на подот, со ќебиња и перници.
Подгответе заедничка миризлива купка со цвеќе.
Масирајте се меѓусебно со миризливи масла, што може да биде одлична предигра.
Имате ли вие предлог како да го поминете овој ден?
Напишете ни.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...