|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Да донираме за херојот Лука!

Редакција Рингераја, 5.5.2021
Потребни сме му на малиот борец Лука за поскоро да продолжи да се радува на животот
Клучни зборови:

image
/11


Сигурно се сеќавате на малиот Лука кој имаше само 16 месеци а животот прерано го направи борец кој го чекаше тешка борба. 

Лука е роден предвреме со само 720гр, подоцна му е дијагностицирана микроцефалија и глувост, после сето ова имаше комплексна дијагноза – тумор на црниот дроб. Дојде до влошување на состојбата поради зголемување на туморот. Опцијата за неговото лекување беше да се направи оперативен зафат, за кој никој не се нафати во Македонија бидејќи требаше во исто време како што ќе се извади зафатениот дел од црниот дроб со туморот, да се трансплантира нов.

-Лука во Италија примаше терапија за намалување на огромниот тумор кој зафаќаше шест седмини од целокупниот орган. Успеаја да го намалат туморот, и потоа да го оперираат и направат трансплантација, раскажува Надица.

 

 

Благодарение на професионалниот тим на докторите во Италија, Лука ја издржа операцијата, после денови и денови на апарати успеа да се избори и да се насмее. По долг престој во болницата го виде сонцето и се радуваше на животот.

За жал, сега семејството Ристови е во тешка финансиска состојба, лекувањата во Италија продолжуваат, а животот таму не е евтин, затоа сега сме им потребни ние, да ја покажеме нашата хуманост на дело и да донираме. 

- Престојот во Италија ни е обезбеден и сместени сме во куќа каде се сместуваат семејства со слични дијагнози. За целиот овој престој тука храната и трошоците ги плаќаме ние. Во Италија сме со месеци и повеќе немаме средства и не знаеме веќе како понатака, за што ни е потребна и вашата помош. Животот тука не е евтин но ние мора да бидеме тука уште долго поради постојаните контроли и лекувањето кое се уште траат. Потребна ни е вашата поддршка за да може да го завршиме лекувањето тука и на крај да се вратиме живи здрави и нашиот син Лука да продолжи да се радува на животот како и сите деца, порачува Надица и надежно апелира дека они кои се во можност да донираат.

Донацијата можете да ја направите преку Фејсбук страницата за донирање на следниов линк Help for this little fighter Luka.


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Општи услови за користење на порталот
Последна верзија: 15 март 2018
3
Хумана охриѓанка донира топол оброк #зготв...
Во периодот кога започна пандемијата, покрај неминовниот хероизам на здравствените работници, во сета таа ситуација, бле...
3
Статистика за посетеност на Рингераја порт...
Анализи на посетеност на сите Рингераја портали: Рингараја.нет, Рингераја.хр, Рингераја.рс, Рингераја.ба, Рингераја.мк и...
3
Со љубов, секој ден станува поубав
Има едно чувство, најубаво, најдлабоко и најчисто кое со сето срце го избираме, му се посветуваме и длабоко го разбираме...
3




Анкета

preslekuvanje
fetusce

KOLKU PATI VO TEKOT NA DENOT MU GI MENUVATE PELENITE NA BEBETO

A) 4 PATI VO TEKOT DENOT (35%)

B) 6 PATI VO TEKOT NA DENOT (38%)

V) 8 PATI VO TEKOT NA DENOT (17%)

G)10 VO TEKOT NA DENOT. (9%)


Број на сите гласови: 128

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!