|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

10 нешта кои мајките никогаш нема да ги признаат

Редакција Рингераја, 20.6.2019
Секоја мајка на светов е пример за целосна посветеност, сочувство и безрезервна љубов. Мајчинството често го занемарува секое логично разбирање и објаснување, едноставно не може да се разбере ако не биде почувствувано
Клучни зборови:

image
/11


Твојата мајка најверојатно никогаш не ти ги кажала сите оние нешта, кои што денес ќе ги научиш. Таа нема и да ги признае никогаш, бидејќи срцето на мајката е премногу големо и добро за да ги признае тешкотиите што ги доживело.

- Си ја натерал/а неколку пати да плаче… многу. Таа плачела кога дознала дека е бремена. Плачела додека те раѓала и кога за првпат и беше во рацете. Плачела за среќа, за тага, плачела зашто се грижела. Плачела за сите твои проблеми и успеси.

- Таа го сакала она последно парче од тортата. Но кога те видела како го гледаш со твоите големи очи и се облизнуваш така слатко, проценила дека ќе бидеш многу посреќен/на ако ти го изедеш.

- Ја болело. Ја болело кога и ја кубеше косата, кога ја гребеше со ноктите, кога ја клоцаше додека беше во нејзиниот стомак. ја болело многу додека ти помогаше да се појавиш на овој свет.

- Секогаш се плашела. Таа постојано се плашела за тебе, уште од моментот кога знаела дека ќе те има. Срцето и пукало при секој твој чекор. Седела доцна во ноќта и те чекала да се вратиш дома од шетањето со твоите пријатели. Таа е спремна на се, за да биде сигурна дека си во ред.

- Таа знае дека не е совршена. Таа самата е нејзината најлоша критика. Ги знае сите нејзини недостатоци и понекогаш се мрази заради тоа, но сепак се обидува да го даде најдобро од себе. Понекогаш сака со цело срце да го врати времето и да ги исправи сите грешки што ги направила за тебе.

- Те чувала додека спиеше. Имаше ноќи во кои таа била будна до 3 часот, молејќи се да заспиеш. Едвај ги задржувала отворени очите додека те држела во рацете и ти пеела приспивни песни. И кога конечно ќе заспиеш, легнувала тивко до тебе и го набљудувала твоето прекрасно лице.

- Те носела многу повеќе од 9 месеци. Си имал/а потреба од нејзе и таа ти помагала. Те држела и за време на прошетките на отворено кога се обидувала да те нахрани. И во раце те држела додека спиеше, додека се смееше и правеше бељи. Се чувствуваше безбедно и сакано во рацете, па не сакала тоа да го пропуштиш.

- Срцето и се кинело кога си плачел/а. За неа нема поголем тажен звук од твојот плач и нема ништо по ужасно од солзите што течат по твоите образи. Таа правеше с?, со сите свои сили за да не плачеш и да бидеш среќен/а.

- Таа секогаш те ставала на прво место. Таа не спиела или не јадела заради тебе. Немала време да се истушира. Ги поминувала сите денови задоволувајќи ги само твоите потреби, грижејки се само за тебе. И следниот ден го правела повторно истото и истото.

- Таа и повторно би го правела истото. Да ??бидеш мајка е најтешката професија во светот и го бара целото внимание и посветеност за кое сте способни. Плачеш, те боли, грешиш и учиш. Но исто така ја доживуваш целата радост на земјата, зашто нема ништо подобро од тоа да имаш две очиња покрај себе кои те гледаат со толкава голема љубов.

Направете сами: Креативни бебешки креветчиња
Во целата еуфорија околу исчекувањето на новиот член, важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото...
4
Стандарди за рано учење и развој
Социјалната, културната, физичката и интелектуалната добросостојба на граѓаните на Р. Македонија, претставуваат генералн...
3
Децата да одат во градинка, иако сте цел д...
Во прилог се неколку совети на данските родители, кои можат да бидат пример за сите кои сакаат да внесат малку повеќе ср...
3
Книгата- најдобар пријател
Книгата му дава на детето моменти на забава, но и нови сознанија. Еден дел од слободното време на детето треба да се исп...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

IZBOR NA MASKO IME
Ane79

Pomognetemi da izberam edno od ovie iminja

David (31%)

Andrej (36%)

Mihail (33%)


Број на сите гласови: 196

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!