|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Здравје и нега

На четиригодишна возраст на детето повторно ќе му биде закажан систематски преглед. Ќе се сретнете со педијатар кој ќе го прегледа детето и ќе го оцени неговиот развој и по потреба ќе Ве советува и ќе одговори на Вашите прашања. На крајот на прегледот детето ќе прими втора ревакцина против дифтерија, тетанус и пертусис и детска парализа. Во Македонија е задолжителна вакцинацијата против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица), детска парализа, хемофилус инфлуенце тип Б, потоа вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, како и вакцинација против жолтица тип Б и туберкулоза. Погледнете го Календарот за вакцинација на Рингераја.

Стоматолошки преглед

Во претшколскиот период децата имаат право на превентивен стоматолошки преглед во 3. и 5. година. Целта на прегледот е утврдување неправилности во подрачјето на устата и лицето и советување во врска со исхраната, негата на усната празнина и пиење на таблети со флуор.

Здравје на млечните заби

Треба да се погрижиме млечните заби да останат здрави, односно да бидат навреме поправени. Единствено на тој начин можеме да очекуваме дека ќе бидат здрави и сталните заби, односно дека ќе биде складен нивниот развој во вилицата. Млечниот заб, кој не се лечи, може многу да го боли детето, а освен тоа претставува извор на штетни бактерии за останатите заби и забното ткиво. Бактериите од забот може да допрат до крвотокот, па преку крвта и во целиот организам. Забот кој неможе да се поправи обично се вади. Тоа понекогаш се прави неколку години пред неговото природно отпаѓање, што може да доведе до неправилен развој на сталните заби. Детето со расипани заби може да има лош здив, тешко да артикулира некои гласови при изговорот, а тоа може да предизвика одбивање од врсниците. Ако родителите го носат детето на заболекар само кога нешто го боли, детето тешко ќе постигне опуштен и однос на доверба со заболекарот.

Нега на млечните заби

Детето е мотирички повешто и многу работи сака да ги направи само. Мијте ги забите наутро и навечер. Поттикнете го детето само да ги мие забите, а Вие само завршете го миењето. Бидејќи од четвртата до петтата година често се појавува кариес меѓу забите, набавете забен конец. Како и кога да го употребите посоветувајте се со стоматолог. Изборот на четки за заби е огромен. Одберете таква на која јасно е напишана староста за која одговара. Производите за деца се под строга контрола и затоа можете да бидете сигурни дека податоците се точни. До третата година не е нужно да се користи паста за заби. Ако користите паста пред детето да научи да ја исплука, користете паста без флуор. Количината на пастата нека биде во големина на зрно грашок.

Чување на здравјето со правилно користење на јавни wc-a

Кога детето има физиолошка потреба треба брзо да реагираме без оглед на тоа каде се наоѓаме во моментот. Понекогаш сме принудени да ги користиме озлогласените јавни wc-a. Како да се однесувате, а да не го загрозите здравјето на своето дете?

Во такви ситуации обично брзаме, немаме време да побараме со полна опрема. заради тоа секогаш со себе носете марамчиња, затоа што во јавните wc-a нема секогаш тоалетна хартија. Задолжително ставете марамчиња и на школката, каде седи детето, иако изгледа потполно чиста. Ако школката е премногу валкана потрудете се да го држите детето над неа. Веднаш после тоа измијте ги рацете на детето. Ако нема сапун (што често се случува) користете хигиенски марамчиња. Не заборавајте добро да ги избришете рацете.

Ако wc-то е во многу лоша состојба известете го одговорното лице. Можеби некоја друга мајка ќе ви биде благодарна за тоа.

Потреба за витамини

Најдобар начин за покривање на потребите за витамини е внесување на разнообразна свежа храна (овошје, зеленчук, житарици) Со рамномерна исхрана детето ги добива сите потребни витамини и минерали. Ако Вашето дете јаде еднолична храна и загрижени сте дека не добива доволно витамини, важно е да се посоветувате со избраниот лекар и дури после тоа да воведете витамински препарати.

Витамините се нужни за раст и развој на детето. Недостатокот на одредени витамини може да предизвика сериозни здравствени проблеми.

Нега на болно дете

Кога детето ќе се разболи родителите страдаат заедно со него. Уште полошо е ако на детето му е потребна хоспитализација. Слушајте ги советите на лекарите и не барајте можности како да ја избегнете хоспитализацијата. Треба да знаете дека лекарите не би ја советувале без причина.

На детските одделенија посетите се неограничени. Навечер е потребно да се разделите од детето, затоа што во повеќето болници нема место каде што би можеле родителите да преспијат. Обично поголеми проблеми, со детското хоспитализирање, имаат родителите отколку децата. Барем во присуство на детето однесувајте се смирено, бидејќи Вашето дете ќе биде уште позагрижено, ако види дека родителите се загрижени, или дека мама плаче. Треба да знаете дека децата во повеќето случаи лесно се прилагодуваат и дека во болницата запознаваат нови пријатели. Штом детето ќе биде подобро, лекарот ќе го пушти дома. По болничкото лечење потребна е и домашна нега. На крај да Ве предупредиме дека, додека е детето во болница, не може да користите боледување за нега на дете.

Пиење на препишаните лекарства

За детето да ги испие потребните лекови, не Ви требаат волшебни моќи. Постојат многу полесни начини. Ако преговарате со детето, нема да ја постигнете целта. Расправијата може да му се чини интересна, па ќе се расправа со Вас. Исто така немојте да се обидувате да му го свртите вниманието со некоја друга активност. Подобро концентрирајте се на тоа дека детето мора да го испие лекот. Ако не Ви оди, обидете се повторно за неколку минути.

Ако детето се спротивставува, прашајте го што му смета, зошто не сака да го испие лекот. Можеби го боли грлото, можени има афти во устата. Можеби му смета вкусот на лекот. Во аптека распрашајте се дали може да добиете таблети наместо горчливиот сируп.

Мигрена

Некои деца страдаат од мигрена. Стручњаците известуваат дека од мигрена страда секое дваесетто дете. Првиот пат мигрената се појавува околу петтата и шестата година и може да се повторува. Почеста е кај децата чии родители имаат исти проблеми.

Ако детето Ви каже дека го боли главата бидете внимателни. Прашајте го како го боли главата и дали светлината му ја засилува болката. При посета кај лекарот детето нека ги опише своите чувства – каде и колку јако го боли главата. Ако детето каже дека болката станува појака веднаш однесете го на лекар.

Ако сте забележале дека главоболката се повторува, запишувајте кога го боли, колку јако, колку време и како се однесува детето. Тие податоци ќе бидат клучни за дијагноза и лечење, ако е потребно.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?