|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Добро е да се знае

Развод на родителите
За детето разводот на родителите (освен смртта) е најтрагичниот настан во цел живот, затоа што целокупниот живот се променува. Разводот не е еднократен проблем, туку проблем кој трае и трае. Почнува со кавги и негативно расположение дома, продолжува со развод, можни кавги меѓу родителите и после разводот, често и конфликти околу старателството. Да не ја споменуваме и преселбата која следи по разводот и подоцнежното прилагодување на новите брачни партнери, полубраќа и полусестри...Во секој случај разводот е процес при кој тагата е измешана со лутина и страв.

Детето тагува за родителот кој го напушта семејството. После тоа искуство се плаши дека и другиот родител ќе го напушти. Во својата глава ја презема вината за разводот и се обидува да го подобри своето однесување, мислејќи дека родителите ќе се смират. Малите деца често мислат дека едниот родител ги напуштил заради нив. Од тоа произлегува и лутината кон родителот кој е виновен за разводот. Децата страхуваат дека родителот кој ги напуштил повеќе не ги сака.

Родителите би требало да му ја кажат вистината на детето за разводот, без непотребни детали кои би можеле да му наштетат. Треба да му кажете онолку колку што е способно во тој момент да слушне и прифати. Многу е важно родителите да имаат доволно разбирање и трпение и со детето да разговараат онолку колку што му е потребно за тоа. Во такви околности најдобро е да се обратите да стручни лица кои ќе им го олеснат процесот на развод на сите членови од семејството.

Дојде новиот член во семејството

Потешко е да се грижите за детето кога покрај него имате и бебе. Детето ќе се сети дека нешто му треба баш во моментот кога го доите бебето, или кога го храните со шишенце. Тогаш треба да мочка, да кака, сака да си игра, жедно е, гладно и досадно му е и заради тоа ја сака книгата од најгорната полица. Ќе измисли се само да го насочи вниманието кон себе.

Иако се чини чудно, нема потреба постарото дете да почека некое време. Пред да почнете да доите погрижете се да добие нешто за јадење и пијалак. Ако биде гладно додека доите, кажете му дека и него му подготвивте нешто за јадење. Така ќе му дадете до знаење дека покрај се, мислите на него и на неговите потреби. Ќе го развесели ако побарате од него да Ве забавува додека доите.

Сигурност на патот

Со оглед на тоа дека најголема опасност претставува сообраќајот на патиштата, уште од мало детето учете го на сообраќајните правила и бидете негов пример. Научете го дека може да ја премине улицата единствено ако возрасен човек го држи за рака, а исто така нека Ве држи за рака додека оди по тротоар. Секогаш возрасното лице треба да биде меѓу детето и улицата. Дајте му до знаење дека без Вас (односно без друго возрасно лице и Ваша дозвола) не смее да ја напушти куќата или станот. Исто така треба да знае дека не смее да истрчува на улица.

Да одгледаме дете со самодоверба

Сите родители сакаат нивните деца да израснат во задоволни и дружељубиви личности. Тоа ќе има успее ако имаат доволно самодоверба. На детската самодоверба и самопочитување влијае довербата во родителите и блиските. Како родители треба да ги задоволувате потребите на децата и да му влевате самодоверба. Со тоа му ја јакнете способноста да може активно да учествува во светот околу него. Ако сакаме нашето дете да има самодоверба, треба да ја имаме и ние.

Повеќе деца во иста соба

За жал, браќата и сестрите мораат да делат иста соба. Кога се мали, тоа е во ред, но проблемите се појавуваат кога ќе пораснат и кога ќе им биде потребна приватност. Обидете се да им ја преуредите собата, според нивните потреби, иако не се сами во неа. Притоа нека Ви помогнат децата. За тоа не требаат многу пари. Можете да ги обоите ѕидовите, да нацртате нешто на нив и да ги прераспоредите орманите и креветите. Креветите наместете ги така што ќе бидат оддалечени, за секое дете да има свое катче за спиење, а со тоа и свој интимен простор.

За собата да биде што поуредна, за секое дете наместете орман, полица за книги и ноќна полица. За редот во собата треба самите да бидат одговорни. Одредете и ден за суредување на собата. Правилата кои ќе важат во заедничката соба нека ги одредат децата. Правилата закачете ги на вратата за децата да не ги забораваат. Немојте да мислите дека им наштетувате на децата со тоа што не можете да им овозможите сопствени соби. На тој начин ќе научат дека во животот е потребно да се прилагодуваат.

Како треба децата да ги викаат возрасните?

Кога Вие бевте дете, работите беа помалку или повеќе јасни. Меѓу возрасните кои ги познававте, освен мама, тато и роднините, постоеја господа и госпоѓи. Денес правилата се пофлексибилни. Многу деца ги викаат возрасните по име. Дали е тоа знак на непочитување? Не, нималку...Почитувањето е интерактивен однос, детето ќе почитува, ако го почитуваат. Обраќањето на возрасните на детето му помага единствено при логичкото распределување на луѓето во категории и групи.

Званичните називи се обично нужни во институциите каде возрасните имаат голем авторитет, на пример, учителот во училиште и лекарот во болница.

Ако сте збунети и не знаете како да разговара детето со родителите и пријателите, најпрво размислете што Ви се чини примерно. Потоа за тоа поразговарајте со родителите и заедно обликувајте ги правилата. Пред да му ја претставите на детето новата личност, најпрво дозволете сама да се претстави онака како што сака детето да ја вика во иднина.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?