|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

 Секогаш во движење
Децата со четири и пет години се секогаш во движење. Неуморно трчаат наоколу. Физичката активност е многу важна за детскиот интелект. Детето си поставува нови предизвици и ја испитува својата моќ. Знае дека може да трча, но сака да провери дали е побрзо од своите врсници. Знае дека може да се искачи на дрво, но сака да провери дали може да се искачи баш на тоа дрво. Знае дека неговото тело има сила, знае дека може да помести тешки предмети, ако на нив се потпре со рамената, или ако легне на подот и ги турка со нозете. И при паѓање станува повешто, знае да ја заштити главата, стомакот и интимните делови од телото. Децата обожаваат фудбал, кошарка и останати игри со топка, играње, качување, скокање, возење точак (без помошни тркала). Нивната желба за движење искористете ја за чести прошетки во природа, а во зима запишете ги на некакви вежби за деца.

Имитирање на родителите

Родителите им се пример на децата и заради тоа децата често ги имитираат. Децата прават работи кои виделе дека Вие ги правите. Готват, пеглаат, девојчињата се шминкаат, момчињата поправаат коли, градат...Детето ги набљудува родителите и се обидува да ги разбере нивните улоги и меѓусебни односи. Потрудете се детето да ги имитира обата родители во улогите, иако тоа ќе го имитира само едниот родител. Децата потполно се соживуваат во играњето улоги, затоа во нивната игра ќе го препознаете Вашето однесување, Вашите зборови и изрази. Детето е Ваша мала копија! Не чудете се кога детето ќе Ве изненади со некоја реакција. Добро размислете кога сте реагирале, или постапиле на тој начин. Децата Ве посматраат секогаш.

Мали агресивци

Децата кои се дома изложени на психички притисок, често го одразуваат агресивното однесување над други деца, или предмети. Детето ја пренесува на врсниците љубомората кон братчето или сестричето, чувството дека родителите му посветуваат премалку внимание, домашната атмосфера, скриени замерки меѓу родителите, или меѓу родителите и децата. Ако детето сака да го удри братчето или сестричето, ги удира врсниците, им ги зема играчките, се кара со нив и предизвикува конфликти. На љубоморното дете треба да му се посвети повеќе внимание, иако можеби имате многу работа околу бебето. Лутината и љубомората не треба да Ве загрижуваат многу, ако детето не прави поголеми проблеми. Попроблематично е ако детето на одредени ситуации не реагира негативно. Ние треба да бидеме позитивен пример на детето и доследно да го водиме низ стапиците на социјализација. Детето треба да знае какво однесување не прифаќаме и дека со тоа не го отфрламе него.

Љубопитни деца

Децата се вистински дрдорковци кои сакаат се’ да знаат и тоа веднаш! Со своите директни прашања толку ги изненадуваат родителите што тие понекогаш остануваат без зборови. На пример, детето го гледа своето плишано прасе кои го вика Перо и почнува со прашања:”Мамо, Перо е прасе, зар не? Зошто тогаш има име како дете? Зошто нема мочкало ако е дете? Дали и некои деца немаат мочкало? А што е со прасињата?...” Како ќе му одговорите на прашањата – зошто мајката има млеко во градите, а таткото нема?

На таа возраст не постои тема за која децата не се интересираат. Тие поставуваат прашања бидејќи сакаат со помош на одговорите да го разберат комплексниот свет и да го замислат. Детето, во светот на возрасните, се чувствува како што возрасен човек се чувствува во непозната земја. Секој ден го очекуваат нови доживувања, некои забавни, а некои многу непријатни. Ако детето поставува прашања значи дека се развива. Начинот на испитување зависи од неговата возраст.

Уредно дете

Родителите често се жалат на нередот кој го прават децата. Но постојат и деца кои во овој период се опседнати со ред и организација. Потребата за организација, од која некои деца се обземени повеќе од останатите е фаза во развојот. Децата треба да сфатат како функционира целината и какво влијание имаат поединечните делови. Заради тоа својата облека и играчки ги сврстува по категории. Ако во тоа му пречите, или му преместувате, ќе ја нарушите смислата. На овој начин децата се стекнуваат со позитивни навики и се обидуваат, експериментираат и го изразуваат своето сфаќање на светот. Преку организацијата на предметите децата можат да се ослободат од напнатост и страв.

Перцепција на времето

На оваа возраст децата го мерат времето преку секојдневната рутина. Времето на часовникот уште не го распознаваат и тешко проценуваат колку долго нешто трае. Заради тоа не не разбираат кога наутро брзаме и сме лошо расположени, затоа што тие преспоро ги облекуваат чевлите.

Временска пресвртница е хранењето, или спиењето. Знаат дека е време за спиење по цртаниот филм и дека враќањето на родителите од работа означува дека е време за ручек. Свеста за време се појавува во периодот од четвртата до петтата година.

Емоционален развој

Детските емоции се многу интензивни но кратко траат и децата брзо го менуваат расположението. Понекогаш и плачат кога се смеат, па заради тоа мислиме дека нивните чувства не се длабоки. Децата исклучително јако ги доживуваат емоциите, а посебна нелагодност им предизвикува чувството на страв. На почетокот детето се плаши од конкретни работи (лекари, фризери...), како што расте причините за страв стануваат измислени (вештерки...) На развојот на емоциите влијае психичкиот развој и учењето. Ако мајката се плаши од громови и молњи, не можеме да очекуваме дека детето ќе биде воодушевено за време на олуја.

Детето се срами

Некои деца се многу срамежливи и тешко пронаоѓаат пријатели. Родителите често ги присилуваат да го направат првиот чекор, но тоа не е препорачливо. Со тоа ќе направите повеќе лошо отколку добро. Најголема грешка која можете да ја направите е да го однесете детето кај пријателите, каде што има многу други деца кои меѓусебно се познаваат, и да го ставите во центарот на случувањата. Како би се чувствувале Вие во таква ситуација? Лошо, и верувајте дека и детето така се чувствува.

Ако сакате Вашето дете да склопи другарства, направете детска тактика. Убавиот сончев ден искористете го за посета на најпосетеното детско игралиште, или парк. Ако Вашето дете сака лизгалки, водете го таму, нека чека ред заедно со другите деца за да се спушти. Кога ќе се спушти неколку пати на лизгалката детето толку ќе се концентрира на другите деца, што потполно ќе заборави на Вас. За кратко време ќе сфатите дека следниот пат треба да носите нешто за читање.

Ако на Вашето дете посебно не му се допаѓа некое дете, поразговарајте со неговите родители и организирајте заедничко време за игра.

Машко и женско мочкало

Ова е период на откривање на сопственото тело. Помеѓу втората и петтата година децата ќе ги откријат разликите меѓу машкото и женското тело и пред да тргнат на училиште ќе научат уште многу за разликата меѓу половите. Кога одговарате на прашањето како бебето дошло во стомакот и слично, важно е да бидете искрени и Вашите објаснувања да се разбирливи и примерени на возраста. Порано или подоцна детето ќе открие дека сте лажеле, а тоа може да ја наруши меѓусебната доверба.

Децата не се секогаш задоволни со одговорите, но премногу детален опис може да ги збуни.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Спиење
Здравје и нега
Исхрана
Си играме
Добро е да се знае



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?