vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Детската ТВ серија „5+ Фамилија“ е во продукција на ОХО, а се реализира во соработка со Телма ТВ и со поддршка на Министерството за Информатичко Општество.
„5+ Фамилија“ е играна детска ТВ серија, која е инспирирана од познатата детска емисија „5+“. Концептот е базиран на познатиот детски лик Петко, неговите пријатели детективот Цветко и Комшо, и сите случки низ кои тие поминуваат.
Креативен директор на серијата е Пеце Талески, режисер Игор Иванов - Изи, продуцент Илија Тирицовски, директор на фотографија Наум Доксевски, сценографија Снежана Поњавиќ - Муча, костимографија Андреј Ѓорѓиевски и монтажа Шенол Мехмед.
Актерската екипа ја сочинуваат: Билјана Драгичевиќ - Пројковска, Игор Ангелов, Сања Арсовска и Зоран Љутков. Во најголем број епизоди со конкретни улоги ќе гостуваат и познати личности, кои ќе служат како пример за децата со својата професија и успех кој го постигнале. Покрај другите улоги ќе се појавуваат и децата од 5+ драмското студио.
Сценаријата се на Билјана Крајчевска и Драгана Лукан Николоски.
Саундтракот во серијата e збогатен со старите хитови на „5+“ продуцирани од Игор Поповски – Аудиохаус, како и преработки на антологиски македонски песни од седумдесетите и осумдесетите години, продуцирани од Мите Димовски – Студио Тралала, с? со цел да се пренесе вредното македонско музичко наследство на децата во Македонија.
За повеќе информации, контакт лице: Бистра Георгиева 072 307 587
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали природното секогаш значи и безбедно?
Кога станува збор за здравјето, исхраната и негата на телото, многумин...
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста, но важ...
Кои вредности е важно да ги научи детето уште од мало?
Детството е период во кој се поставуваат темелите на личноста, каракте...
Промена на вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок е природен дел од женското репродуктивно здравје. ...
Тестови за овулација. Кога и како да ги направите?
Ако планирате бременост, препознавањето на плодните денови може да ви ...