Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Децата коишто ја знаат абецедата и гласовите од 26-те букви, често со нетрпение сакаат да почнат да читаат и самите да ги запишуваат песничките. Ископирајте една добро позната, едноставна песничка, прочитајте ја заедно, а потоа оставете ги децата самостојно да ја „прочитаат“ на глас, покажувајќи ги со прстот зборовите кои ги „читаат“ (самодиктат). Набргу децата ќе откријат дека можат да прочитаат едноставен текст на англиски јазик. Допуштете им да го украсат листот на кој е ископирана песничката. Вака им оставате простор самите да се фокусираат и да го разгледаат текстот. Кога ќе направат неколку вакви изработки, поврзете ги во книга. Во зависност од тоа колку го совладале пишувањето на англиски јазик, дозволете му на детето само да ја изработи содржината и насловната страна.
Следниот пат кога ќе правите книга, некои деца може ќе сакаат сами да ги напишат песничките. Можеби ќе сакаат да изработат и роденденски картички или покани.
Збирките кои самите ги изработиле може да бидат понатамошен поттик за децата да напишат сопствени песнички. Некои деца своите песнички почнуваат да ги пишуваат така што ги персонализираат оние песнички кои веќе ги научиле или составуваат комбинации од делови од повеќе познати и научени песнички. Поттикнете ги во тоа, бидејќи станува збор за креативно пишување.

Книгите со песнички се одлична можност да ги прелистате и прегледате дадените текстови. Почнете со книги со песнички кои содржат приказна - децата ќе сфатат дека можат да ја „прочитаат“ приказната бидејќи текстот е пропратен со многу илустрации кои ќе им помогнат во разбирањето. Антологиите може да делуваат демотивирачки, особено кај почетниците, бидејќи тие содржат песнички кои децата сé уште не знаат усно да ги рецитираат.
(продолжува)
1 дел: Учете англиски преку песнички
2 дел: Одбирање песнички
3 дел: Како да рецитирате песнички
4 дел: Рецитирање песнички во слободното време
5 дел: Приредби
7 дел: Читање песнички
забава Бремените
Автор: bobik
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...
Кратки, но ефективни домашни тренинзи за почетници
Не мора да одите во теретана за да бидете активни и здрави. Со само 15...
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...
Доење.
пеперутка16
Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?