Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Царскиот рез бара огромна количина на храброст и сила и единствено жената и мајката може да го помине тоа на херојски и восхитувачки начин.
Мајките храбро се соочуваат со последиците од хируршката интервенција
Вие можеби мислите дека царскиот рез е лесна процедура, но тоа всушност е сложена операција, која исто како и сите други операции носи огромни ризици за мајката и детето.
Покрај тоа, невозможно е покрај мајката да биде идниот татко или други членови на семејството. Мајките се сами, без можност за поддршка од најблиските и полни со неизвесност.
Не постои подобар пример за битка од онаа во која си сам и исплашен. Овие мајки битката ја освојуваат сами, бидејќи имаат безусловна љубов кон нивното бебе.
Лекарите не знаат дали е се во ред, додека пациентката не ја напушти операционала сала
При царски рез, ризикот од операцијата не завршува со раѓањето на бебето. Како и во секоја операција, лекарите не можат да утврдат дали операцијата е успешна, се додека пациентката е под анестезија.
Мајките се опоравуваат како вистински хероини
Кога ќе се роди бебето, светот на мајките се врти околу нив. Ова бара енергија и често знае да биде исцрпувачко. Замислете да ги извршувате сите обврски околу бебето, придружени со болка. Да, со многу болка и непријатност, што е неопходен дел од процесот за закрепнување по операцијата.
Ова мајките ги прави уште посилни. Преминувањето на прагот од болка во внатрешна сила, може да се спореди само со силата на друга мајка.
Без разлика колку им е тешко, мајките тоа го прават со насмевка и неизмерна љубов. Затоа што секоја непроспиена минута, секоја промена на пелена, секоја насмевка и можност да се допре малата рака, да се почувствува неговиот здив, прекрасниот мирис на новороденчето го оправдува тоа.
Ги поздравуваме сите мајки на кои “лузната на среќата” им овозможува да се заборават зошто се обележани. Мајките кои го носат овој белег, се убави и горди!
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Четирите фази на менструалниот циклус
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело, кој секој мес...
Кои се најчестите аномалии на матката?
Матката е важен орган на женскиот репродуктивен систем, во кој се разв...
Каде да побарате стручни совети пред зачнување?
Одлуката да станете родители е важен чекор, а подготовката за бременос...
Планирате бременост? Погледнете ја семејната историја
Планирањето бременост не подразбира само подготовка на телото, туку и ...
Како да препознаете бременост без тест?
Дали постојано сте уморни, чувствувате мачнина или забележувате промен...