Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Не постои трудница која не се интересира за своите килограми во текот на бременоста. Иако тоа не е толку важно кога е во прашање детето и неговото здравје, она што е сигурно е дека прекумерното зголемување на телесната тежина во бременоста може да има последици на Вашето здравје и здравјето на детето. Значи прашање е колку килограми треба да добиете за време на бременоста.
Одговорот на ова прашање секако дека не е едноставен. Зависи од телесната тежина која сте ја имале кога останавте бремена и соодносот на Вашата тежина и висина (индекс на телесна маса). Доколку индексот на Вашата телесна тежина е во границите на нормала за време на бременоста треба да добиете меѓу 10-15 килограми. Доколку според индексот на телесната тежина имате помалку килограми тогаш ќе добиете 12-18 кгр. во текот на бременоста. Доколку спаѓате во категорија на претерано дебели лица, во бременоста ќе добиете меѓу 6-10 килограми.
Како да ги добиете сите потребни хранливи материи?
Еве неколку совети за најдобра исхрана во тек на бременоста:
Како е храната поделена меѓу Вашите и потребите на Вашето бебе?
Лекарите не разбираат точно како Вие и Вашето бебе ги делите хранливите материи. Храната за Вашето дете не доаѓа директно од Вашата исхрана туку од калориите кои се наоѓаат складирани во коските и ткивата.
Во минатото фетусот се сметал за совршен паразит кој ја зема сета потребна храна од мајката, без оглед на нејзината исхрана. Овој мит тврди дека ако на пример на Вашето бебе му фали да речеме калциум не е важно што мајката јаде, бидејќи бебето ќе го извлече потребниот калциум од резервите на мајката.
Стручњаците веруваат дека бебето во мајчината утроба ќе страда ако на мајката и фали нешто во исхраната. Неадекватната исхрана во тек на бременоста веројатно ќе има долготрајни последици врз здравјето на детето.
Накратко: на здравјето на Вашето дете директно влијае она што го јадете пред и за време на бременоста. Тоа што е важно – јадете го. А кога ќе паднете во искушение да претерате, сетете се дека јадете за бебе, а не за уште една возрасна личност. Одберете квалитет, наместо количина.
забава Бремените
Автор: bobik
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илузијата
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 4...
Перинаталната депресија е состојба која многу често се појавува кај же...
Крварењето од нос, познато и како епистаксис е честа состојба кај деца...
Вежби за дишење во бременост и на породување
Дишењето е нешто што сите го правиме автоматски, без да размислуваме. ...
Колку треба да јаде вашето мало дете?
Исхраната на малото дете е една од најважните грижи на родителите. Кол...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?