|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Стрес кај бебиња и деца

Редакција Рингераја, 26.3.2021
Се сеќаваме дека не ни се допаѓаше кога родителите нe оставија во градинка - колку се плашевме дали некој ќе дојде по нас! Се плашевме од првото шишање на шишки, а да не спомнувам одење на лекар

image
/11


Тогаш нашите браќа и сестри почнаа да доаѓаат на светот и да ни се  објаснува дека тие се наши најблиски  суштества. Се сеќавате колку страв имавме од искуството дека веќе не сме единствени, најважни, најубави, најдобри и најпаметни? Зошто? Бидејќи стравот е составен дел од животот на секој од нас, а децата, како и возрасните, доживуваат физички и психолошки реакции на истиот. 

Кога зборуваме за бебиња, и обично не се сеќаваме на тој период, реакциите на стрес што ги доживуваат бебињата можат да бидат добри или лоши за нивниот мозок, во зависност од нивната фреквенција и сила, и присуството или отсуството на грижливи возрасни. Разликата помеѓу бебињата и возрасните е во тоа што бебињата не можат да се смират сами во непријатни ситуации. Тие се беспомошни, плачат и посегнуваат по возрасните затоа што им требаат и само така можат да изразат таква потреба. 

Знаци на стрес кај бебињата може да бидат: 
- продолжено плачење,
- необична нервоза,
- повлекување,
- тешкотии при јадење и спиење,
- цицање прст
- дигестивен проблем.

На бебето му е потребна поддршка од грижлив возрасен човек
Дури и кога можат да зборуваат, на децата им е потребна поддршка од грижливи возрасни за да се смират во стресни ситуации. Кога детето добива поддршка од грижлив возрасен, тоа му помага да се опорави од стресот. Кога нема очекувана реакција од возрасните, децата можат да доживеат дополнителен стрес. 

Што помага во овие ситуации? 

- Држење во раце, утешување, пеење, лулање. 


Дали има здрав стрес?

 Мозокот на бебето во развој е многу чувствителен во текот на првите неколку години од животот. Кога детето ќе доживее краткотрајна стресна реакција и ја доживее во присуство на грижлив возрасен човек кој може да ја ублажи реакцијата, тоа може да биде здраво за мозокот на бебето. 
Зошто? Овој вид на стрес ги подготвува децата да ги надминат идните предизвици или непријатности и им помага да научат да ја регулираат нивната реакција на стресот. На пример, кога бебе ќе запознае нова личност, тоа може да ја активира нивната реакција на стрес, но ако родителот е таму за да го утеши бебето и да и помогне, реакцијата на шокот наскоро ќе биде исклучена и нема да му се нанесе штета.
Кога детските реакции на стрес се активираат често, остануваат активни подолго време или се доживуваат без присуство на грижливи возрасни, научниците го нарекуваат „токсичен“ стрес, при што телото е преплавено со хормонот на стресот, кортизол. Ова прелевање на кортизол ги оштетува врските во мозокот, бидејќи во големи и чести количини, стрес-хормонот станува „токсичен“ за мозокот на децата. 


Зошто е важно присуството на грижлив возрасен човек во стресни ситуации?

 Кога се грижат возрасни лица за да се олесни реакцијата на стрес, токсичен стрес е редок. Но, понекогаш, дури и ако возрасните се физички присутни, децата можат да го доживеат споменатиот стрес, ако возрасните не реагираат, ако се нетрпеливи, непредвидливи или застрашувачки. На пример, децата кои растат во сиропиталишта, каде што не добиваат доволно внимание од грижливи возрасни, често доживуваат токсичен стрес. Во оваа група спаѓаат и деца кои биле запоставени, деца бегалци, кои растат за време на војна или бегаат од истата. 
Треба да се нагласи дека ниту еден родител не може да биде 100 процентно грижлив и секогаш реагира на различни начини во различни ситуации. Меѓутоа, ако децата често се изложени на стрес и честопати немаат внимателни возрасни лица да им помогнат да се справат со тоа, тогаш тоа може да влијае на развојот на нивниот мозок. 
Како родител, можете да му помогнете на вашето дете да изгради посилен мозок, отпорен на штета предизвикана од токсичен стрес, со тоа што ќе го сакате. Со ваша грижа и поддршка, дури и ако децата доживеат стресни ситуации како војна, тоа нема да го оштети нивниот мозок во развој.
Интеракција " сервис и враќање на топката" 
Науката покажува дека една од најдобрите работи што родителите може  да ја направат за да изградат здрав мозок на своите деца е едноставно да „играат тенис“ со нив. Но, не тенис каков што што игра Новак Ѓоковиќ. 
Секогаш кога новороденчињата брборат, гестикулираат, фацијално се изразуваат  или плачат, тие ја "сервираат топката" и очекуваат реакција - тие сакаат топката да се врати. Кога возрасно лице одговара соодветно на директен, значаен начин со контакт со очите, допир, зборови или имитација на гестови или изрази на бебето, тоа е како враќање на услугата. И, кога децата добиваат повратен удар, врските во нивниот мозок се градат и стануваат посилни. Овие врски во мозокот претставуваат основа за социјални, емоционални и комуникациски вештини, но исто така и вештини за врска. Едноставната работа е. Науката ни кажува дека ниту една видео содржина, музика или скапи играчки не се толку важни за раниот развој на мозокот, коклу што се  секојдневните интеракции со родителите, старателите, негователите врз основа на "сервирање на топка за враќање“. 
Насмевки, допири, прегратки и бакнежи - супер храна за мозокот на бебето. 
Најдоброто нешто што можете да направите за да го развиете мозокот на вашето бебе е да „играте тенис“ со него. Децата кои растат во стабилна средина, со љубов, каде што возрасните што се грижат за нив сигурно реагираат на нивните активности, чувства и потреби, развиваат најсилна архитектура на мозокот. 
Сепак, треба да се нагласи дека мозокот на бебето има потреба од родители кои даваат поддршка, а не од совршени родители. Иако за детето е важно возрасно лице да реагира на неговиот стрес и неговите услуги, не е реално да очекуваме од самите себе дека секогаш ќе можеме да го правиме тоа 100 проценти од времето. На пример, ако вашиот ручек е пред да направи пожар на шпоретот, не мора веднаш да реагирате на плачот на вашето дете. 
Бебињата имаат потреба од нежен старател кој ќе ги толкува нивните сигнали и ќе реагира на нив, во поголемиот дел од времето. 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
11
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
6
Столица кај деца: што е нормално, а што не?
Оваа тема можеби не е толку привлечна, но некој треба да Ве информира и за она што се наоѓа во детските пелени. Тоа е че...
4
Природен избор за мирен сон на вашите малечки
Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за здрав раст и развој кај бебињата, обезбедувајќи и...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?