|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што да избегнувате кога се обидувате да забремените?

Редакција Рингераја, 19.2.2026
Мали навики што можат тивко да ги намалат шансите.

image
Фото:Canva/Кога се обидувате да забремените, избегнувањето на пушење, прекумерен алкохол и кофеин, хроничен стрес и нередовен начин на живот може значително да придонесе за подобар хормонален баланс и поголеми шанси за зачнување.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Кога се обидувате да зачнете, фокусот најчесто е на тоа што треба да правите како следење овулација, суплементи, здрав живот. Но исто толку важно е и што треба да избегнувате. Некои секојдневни навики можат незабележливо да влијаат врз фертилноста и кај жената и кај мажот.

 

1. Активно и пасивно пушење

Пушењето го намалува квалитетот на јајце клетките, ја нарушува овулацијата и го влошува квалитетот на сперматозоидите.

Откажувањето носи бенефит и ако се планира бременост во блиска иднина.

 

2. Прекумерна консумација на алкохол

Редовното консумирање алкохол може да влијае на: хормоналниот баланс, квалитетот на сперматозоидите и овулацијата

Умереноста како во се така и во консумацијата на алкохол е клучна, а најбезбедно е значително намалување или пауза.

 

3. Претерано внесување кофеин

Повеќе од 200 до 300 mg дневно може да влијае врз шансите за зачнување. Тоа не е само кафе, туку и енергетски пијалаци, газирани сокови и чоколадо.

 

4. Екстремни диети или нагли промени во тежина

И премногу ниска и премногу висока телесна тежина може да доведе до нередовна овулација и хормонален дисбаланс.

 

5. Хроничен стрес без одмор

Стресот не е „магична“ причина за неплодност, но може да: влијае на циклусот, го намали либидото и создаде психолошки притисок. Одмор, сон и поддршка се подеднакво важни како и анализите.

 

6. Непроверени суплементи и „чудотворни“ препарати

Не секој додаток е безбеден. Некои билки можат да влијаат на хормоните.

Фолната киселина е препорачлива, но останатите суплементи треба да се земаат по совет од лекар.

 

7. Игнорирање на машкиот фактор

Планирањето не е само „женска работа“. Нездравите навики кај мажот како пушење, алкохол, прегревање на тестисите директно влијаат на квалитетот на спермата.

 

8. Прегревање преку сауни, топли бањи, лаптоп во скут

Ова е особено важно за мажите бидејќи покачена температура во пределот на тестисите може да ја намали подвижноста на сперматозоидите.

 

9. Одредени лубриканти

Некои комерцијални лубриканти можат да ја намалат подвижноста на сперматозоидите.
Доколку се потребни, постојат формули наменети за парови што се обидуваат да зачнат.

 

10. Предолго одложување на лекарска консултација

Ако сте под 35 години и се обидувате повеќе од 12 месеци или сте над 35 години и се обидувате повеќе од 6 месеци, време е за стручно мислење.

 

Што е најважно?

-        Имајте редовни односибарем 2-3 пати неделно.

-        Внесете балансирана исхрана.

-        Имајте доволно сон.

-        Вклучување на двајцата партнери во процесот.

 

Обидот за бременост бара свесност. Наместо да се оптоварувате со стотици правила, фокусирајте се на елиминирање на најчестите ризици и создавање стабилна, здрава основа.

Понекогаш најголемата промена е во малите секојдневни навики.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали суплементите за плодност навистина по...
Секоја жена. маж или пар кој се соочува со потешкотии при забременување се запрашува дали суплементите за плодност можат...
3
Овулација и бременост: Дали е доволен само...
Многу парови веруваат дека најдобро е да имаат сексуален однос само на денот на овулацијата.
3
Како влијае Новата година на наталитетот?
Научниците тврдат дека не е случајност тоа што многу луѓе слават роденден околу 23 септември...
3
Подгответе се емоционално за бременоста
Постојат многу жени кои велат дека не се психолошки спремни за забременување или за раѓање на дете. За нив, процесот на ...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali moze da ima posledici od epiduralnata anestezija?

Da (0%)

Ne (17%)

Mozebi (83%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!