Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
/11
Сара и Енди одлучиле да постојат откако биле известени дека ИВФ третманот ќе ги чини 60000 $, откако неколку години се бореле со неплодност.
Откако преминале преку надежта за добивање на сопствено дете, тие случајно стапиле во контакт со бремена жена, чие бебе требало да се посвои.
Но се случил неверојатен пресврт. Сара, придружувајќи ја мајката чие бебе требало да го посвои на ултразвук, открила дека не едно, туку три бебиња се на пат.
Оваа вест била фантастична за Сара и Енди, бидејќи со тоа не би требало повторно да поминуваат низ постапка за посвојување на други деца.
Бебињата Joel, Hannah и Elizabeth биле родени предвреме, здрави, прави и силни.

Тие се уште биле на интензивна нега, кога Сара и Енди го добиле најголемото изненадување во животот! Сара била бремена.
На првиот ултразвучен преглед се утврдило дека таа носи близнаци.
Енди изјавува: “Навистина бевме пресреќни. Дали не фаќаше паника? Да, по малку! Но бевме многу, многу среќни.”

Кога тројката имала 8 месеци, се родиле Abigail и Andrew.
Енди и Сара се сигурни дека никогаш немало да добијат свои деца, ако не ги посвоеле трите близначиња. Кога конечно се ослободиле од стресот, Сара забременила.

И додека тие воопшто не спијат и не можат да седнат, семејството и пријателите им помагаат во одгледувањето на нивните 5 бебиња.
Од локалната црква добивале домашно зготвени оброци и еднократни пелени како донација, бидејќи трошеле околу триста пелени неделно.
Енди вели – Ние сме многу, многу благословени.

6
6
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...