Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Внимаваше на својата концентрација и ги броеше секундите за да ја достигне целта. Му претстоеја уште предизвици, но тој факт го мотивираше уште повеќе.
Имаше закажана средба во јајцеводите со онаа која чекаше долго на нивната средба. Тој процес е сложен и долг и зависи од многу фактори, но исто така е бескрајно убав и магичен. Често го нарекуваат среќа, светлина, надеж, иднина. Можеби најмногу му одговара "чудото наречено нов живот"
Никако не зависи од материјата, доаѓа од некаде во време кои не може да се открие предвреме, кое нема датум ни час. Го очекуваш трпеливо - те изненадува неочекувано. Важно е да го поздравиш, да му се насмевнеш и ако ти дојдат солзи, тие да бидат од благодарност.
Тоа чудо ќе се навикне на тебе, ќе го распознава твојот глас и ќе има потреба од убави зборови кои ќе го галат неговиот слух. Секогаш треба да внимаваш што зборуваш, со каков тон и расположение го правиш тоа. И така девет месеци.
Што се случува после со “чудото”? Некако излегува од тебе, слушаш силен плач и неговиот живот започнува самостојно, но во твои раце. Прво ќе се плашиш, а потоа нема да сакаш да го пуштиш да одлета од тебе, но тоа е неизбежно.
Радувај му се додека е дома, а потоа грижливо прелистувај ги спомените во срцето, бидејќи “чудото”нема да биде со тебе толку често, колку што посакуваш.
Го гледаш мало, а го чувствуваш бескрајно големо, го сакаш, го чуваш. Тоа е една цела вселена која можеш да ја прегрнеш и да ја наречеш своја.
Ти посакуваме многу такви “чуда” во животот, независно дали се сини или розови. Сите тие чудесни, чудесни чуда, наречени се ДЕЦА.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку сон и е потребен на трудницата?
Бременоста носи големи физички и хормонални промени, па заморот и потр...
Што чувствува мајката за време на породувањето?
Породувањето е различно за секоја жена. Некои чувствуваат силна болка,...
AMH и женската плодност. Што треба да знаете?
AMH (антимилеров хормон) е хормон што се создава во јајчниците и најче...
Кои навики помагаат во секоја фаза од бременоста?
Бременоста носи различни потреби во секој триместар. Не постои совршен...
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...