|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Сексуално преносливи болести

Др. Снежана Панговска, 9.5.2021
Болестите кои се пренесуваат преку сексуален однос се во постојан пораст, особено меѓу младите, а секојдневно се откриваат и нови болести

image
/11


Овие болести, условно, можат да се поделат во 4 групи:

1* Банални инфекции: трихомонас во вагината, габи, вошки и шуга.

2* Класични венерични болести: гонора (трипер), сифилис (lues), Lymphogranuloma venerum (четврта венерична болест) и др.

3* “Модерни венерични болести во кои спаѓаат:

-      Clamydia trachomatis. Голем процент од населението, особено младите, се заразени од оваа бактерија која се пренесува преку сексуален однос. Слично како гонорејата, инфекцијата со кламидија се шири подмолно без манифестни потешкотии, од каналот на грлото на матката кон слузницата на матката и јајцеводите, предизвикува воспалителен процес кој може да доведе до непроодност на јајцеводите и стерилитет.

-      Haemofilus vaginalis (Гарднарела). Тоа е бактерија која се пренесува преку сексуален однос и воглавно се задржува во вагината. Вагиналниот секрет што го предизвикува е сличен на оној со трихомонас: жолтозеленкаст, пенушав и има непријатен мирис.

-      Ureaplazma и Mucoplazma hominis

4* Вирусни инфекции. Преку сексуален однос се пренесуваат најчесто 5 вируса: Herpes simplex virus (HSV), Citomegalovirus (CMV), Хепатитис Б, вирус кој ја предизвикува жолтицата (се пренесува по истите патишта и на ист начин како и вирусот на сидата), Human papiloma virus (HPV) кој меѓу другото, предизвикува и рак на матката и најпосле вирусот што ја предизвикува Сидата-  Human immunodeficiency virus (HIV).

Според податоците на Светската здравствена организација, во светот секоја година заболуваат нови 200 милионо луѓе од гонореја и околу 40 милиони од сифилис.

Причините за ширење на сексуално преносливите болести се многубројни.

Денес младите многу рано започнуваат да живеат сексуално, многу често ги менуваат партнерите, имаат односи со партнер кој пред тоа воопшто не го познавале. Чести се вонбрачните сексуални излети. Луѓето денес многу патуваат. Многу видови од предизвикувачот на гонорејата станаа неосетливи на лекувањето со Пеницилин. Поради користење на концептивните таблетки и влошки во матката, се напуштија бариерните средства за контрацепција, особено презервативот, кој освен за забременување, ги заштитува партнерите и од сексуално преносливите болести. Одсуствува адекватно сексуално воспитување, особено на малдите.

Сексуално преносливи болести, бременост и новородено.

Многу од овие болести может да го оштетат, дури и да предизвикаат смрт на плодот и новороденото дете. Некои од нив се пренесуваат преку крвта од заболената мајка на плодот: ЦМБ може да предизвика конгенитални заболувања на плодот, а сидата и сифилисот тешки оштетувања и смрт на плодот. Сидата и Хепатитис Б вирусот, освен преку крвта, се пренесуваат и преку млекото од заболената доилка на доенчето. Други предизвикуваат заболувања кај новороденото, а инфекцијата настанала за време на породувањето: гонорејата може да ги инфицира очите, а кламидијата да предизвика воспаление на белите дробови кај новороденото.

Контрола на сексуално преносливите болести.

Најважна е превентивата и здравственото воспитување на населението, особено на младите. Треба да се одбегнуваат сексуални односи со непознати партнери, со партнер од ист пол и однос во чмар. Оние кои немаат стабилни сексуални врски, со еден и познат партнер, задолжително треба да користат презерватив, сам или во комбинација со некое хемиско вагинално, контрацептивно средство.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

6 стручни совети за да зачнете машко дете
Се прашувате како да зачнете момче? Ако е така, сигурни сме дека сте заинтересирани да ги знаете различните методи за да...
3
Секс секој ден, или само за време на овула...
Многу парови ги мачи токму ова прашање: Ако сакам бебе, дали можам да имам секс секој ден или само за време на овулација...
3
20 Работи кои треба жената да ги направи п...
Доаѓањето на детето со себе носи многубројни промени во животот на партнерите. Со тие промени полесно ќе се носите докол...
3
Псевдоциеза - лажна бременост
Псевдоциеза е медицински термин за лажна бременост. Псевдоциеза, уште позната под терминот “хистерична бременост”, може ...
3




Анкета

Iminja
bibusoh

Koe ime e podobro?

Dalibor (35%)

Darko (65%)


Број на сите гласови: 143

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!