|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Lara2224: Вистински приказни од забременување

Lara2224, 20.7.2012
Моментот кога нашите души се споија во една

image
/11


 

 

Беше рана есен, ние тазе вратени од одмор, сеуште пијани од големите успеси на двајцата на работен план. Тазе разрешени проблеми, тезе освежување на врската. Си се смешкавме еден на друг, си велевме време е за бебенце. Секако живееме по шаблон, работа-дома може евентуално некое пиво по пат, телевизија и кревет. Беше време за промена. Сеуште дечко и девојка но живеевме заедно веќе долго време, долги 2, 5-3 години по иста шема. Бракот немаше да промени ништо, па затоа не ни размислувавме на таа тема. Првите два - три месеци не се случи ништо...Бев на гинеколог, да ми каже дали е се во ред. Се беше во ред со мене, едноставно не секогаш се случува веднаш... Затоа решив да се опуштам, па млада сум имам време да раѓам, нека биде кога ќе биде реков... за да ја покажам опуштеноста почнавме да си се дружиме повеќе, да си готвиме опуштени вечери и да си пиеме вино....секој ден во рок од две три недели. Потоа ни се случи немил настан и веќе не ни помисливме на ова. Почина баба му, која живееше во истата куќа со нас, само на долниот спрат. Се организиравме, со неговото семејство направивме мал погреб. Јас дрмнав една две ракии на гладно срце - сепак не ми беше сеедно. Беше ноември, а почувствував страшна потреба да излезам надвор по кратки ракави, да дишам... Како после секој погреб, дојдовме дома а таму роднините на маж ми кои живеат во ист двор со нас почнаа со муабет, ајде веќе време е, еве се ослободи место, кога детенце? А ние.. се во свое време, уште сме млади... не сега. Не помина една недела а мене телефонот ме известува дека ми доцни, ама поприлично ми доцни.
Маж ми беше на службено патување... купив тест, а тој вика ||... Не ми беше верно... Излегов да си го шетам кучето и да си ги средам мислите. По пат го видов другар му - сегашниот кум... што ти е Лара, ми вика? Нешто си ми возбудена? Не викам, ме тегне овој шарпланинецот, па затоа сум ваква, ме испоти.... Купив уште еден тест. Едвај дочекав да се вратам дома... И тој вика исто што и претходниот, но мене се уште не ме фаќа еуфорија. Утре имам важна презентација си велам, да завршам и одам на доктор. Мојата мила докторка вика честитки, нека е живо и здраво! Се враќам со солзи и насмевка од уво до уво на работа, на врата ме пречекува мојата трудна колешка и ми се смешка... Можеби инстинктите и кажале си велам.... Има уште цела недела додека маж ми се врати... Ќе полудам морам да му кажам. Издржав да не му ги соопштам вестите по телефон, но морав да им кажам на моите најмили две другарки и мајка ми, бидејки знаеја, ми видоа во очите
Си дојде... 
Добредојде мило, јас сакам нешто да ти кажам. А тој мене - знаев! Веќе цела недела знаев! Ти се променил гласот, ти се променил тонот и бојата на гласот... Прекрасна си мила! Честитки!

 


Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува...

Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случај најважно од се е соодветното време. Како можеме...
4
Како да забремените побрзо?
Кога се обидувате да забремените животот може да Ви биде забавен – секогаш имате изговор за да добиете љубов од партнеро...
3
Рингераја табела за следење на плодни денови
Сакате да забремените, а не знаете кога е вашата овулација? Сакате природен начин на контрацепција? Следете ги плодните ...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?