|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Дали сте кандидати за инсеминација?

Редакција Рингераја, 17.2.2014
Инсеминацијата е најчеста и наједноставна метода на асистирано оплодување. Дознајте се за инсеминацијата и дали сте кандидати за неа

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Најчест метод на асистирано оплодување е пренесувањето на сперма до или во материцата на жената, заради зголемување на шансите за оплодување. Се спроведува во ситуации кога кај мажот ќе се утврди намалена подвижност на сперматозоидите, кога мажот од некои причини е неспособен за сексуален однос, или кога со селекција на сперматозоидите  се избегнува некоја наследна болест.

Инсеминацијата се користи како избор и кога плодноста на жената е намалена, ако жената има проблем со непропустливост на секрет кој го затвора грлото на матката. Во комбинација со хормонска стимулација може да помогне во исполнување на желбата за зачнување.

 

Како тече постапката на инсеминација?

 

Одредување на вистинскиот момент

Инсеминацијата ќе се случи во оптималниот момент за оплодување, значи во овулација. Гинекологот со ултразвук ќе го следи напредувањето и созревањето на фоликулите во кои се наоѓа јајце клетката  и ќе го предвиди пукањето на зрелиот фолкул, односно почетокот на овулацијата.

 

Стимулација на созревање на јајце-клетката

Инсеминацијата може да се направи и во природен циклус на жената, но во пракса се покажало дека тоа е помалку успешно. Затоа созревањето, во најголем број од случаите, се прави со Кломифен. Со стимулација со хормони се зголемува можноста за повеќеплодна бременост, бидејќи се поттикнува созревањето на повеќе фоликули со јајце-клетки.

 

Овулација

По хормоналната стимулација може да се чека овулацијата да се случи природно или за предвидување на точниот момент на жената и се дава т.н. штоперица која содржи хормон hCG, познат како хормон на бременоста.

 

Подготовка на сперматозоидите

Сперматозоидите за инсеминација се добиваат со мастурбација на партнерот. Бидејќи најчест проблем при инсеминација е слабата подвижност на сперматозоидите или недоволната количина – ејакулатот се подготвува пред да се вбризга во утробата на жената. Притоа се издвојуваат квалитетните и подвижни сперматозоиди и се внимава примерокот на содржи што поголема концентрација на добри сперматозоиди.

 

Инсеминација

Постапката на инсеминација подразбира враќање на спермата со помош на катетер во матката (интраутерина инсеминација), во јајниците (интратубарна инсеминација), во вратот на материцата (интрацервикална инсеминација) или инсеминација пред грлото на матката. Смислата на методата е сперматозоидите во оптимален момент да се донесат во положба во која најбрзо ќе стигнат до јајце-клетката. Целата постапка е безболна, односно може да биде нелагодна како и обичен гинеколошки преглед. По постапката на инсеминација жената се задржува некое време во лежечка положба, за да можат сперматозоидите полесно да стигнат до целта.

 

Тест за бременост

Првиот тест за бременост може да се направи 14 дена по инсеминацијата, или едноставно се чека циклусот. За жал повеќето постапки на инсеминација не завршуваат успешно по првиот пат. Но, кај повеќето жени успеваат по 3-4 обиди. Ако инсеминацијата е повеќе пати неуспешна тогаш се преминува на други постапки за асистирано оплодување, како Ин-витро оплодување.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Седум начини за побрзо забременување
Сакате да забремените баш сега! Секако, оваа задача сакате да ја решите како и сите други задачи и работни обврски. Но,...
5
Како да имате поквалитетни јајце-клетки за...
Во минатото се сметаше дека староста е единствен фактор кој го одредува здравјето на јајце-клетките и јајниците. Врз ос...
4
Право време за забременување
Многу парови мислат дека забременувањето е едноставно, неколку обиди и позитивниот резултат е тука.
4
Најдобри пози за зачнување, што вели науката
Кога паровите се обидуваат да добијат бебе, често се поставува прашањето дали одредени сексуални пози можат да ги зголем...
4




Анкета

Градинка
Jana9

Дали би го пуштиле вашето дете во ГРАДИНКА?

ДА (75%)

НЕ (12%)

Можеби (14%)


Број на сите гласови: 59

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!