|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Шесте среќни месеци од вашата бременост

Редакција Рингераја, 5.10.2020
Како лета времето, нели?

image
/11


Веќе нема сомнеж што се движи во вашиот стомак - сите движења се должат на бебето, а не на гасови (иако и од нив има многу). Малите рачиња и ножиња почнуваат да стануваат посилни и движењата им се гледаат дури однадвор и ги забавуваат луѓето околу вас. Овој месец е последниот од вториот квартал, што значи дека сте поминале барем две третини од патот до раѓањето на бебето. Бебето сега е релативно лесен товар во споредба со оној што ќе го носите по месец-два. Искористете ги предностите и движете се додека се уште ги гледате нозете.

Ако имаше прозорец на утробата, ќе видевте како благо збрчканата кожа на бебето виси од неговото тело. Причината е дека акумулација на мастите и маснотиите не се доволни да ја исполнат кожата. Но не грижете се – таа наскоро ќе се исполни. До крајот на овој месец бебето ќе ја зголеми за два пати сегашната тежина. Штом  ќе се формираат мастите, бебето веќе нема да изгледа така транспарентно. Сега органите и коските се уште му се гледаат преку кожата, која е со црвеникава боја, бидејќи токму под неа се крвните садови и артериите. Во осмиот месец сепак бебето веќе нема да е така транспарентно.
 

Што ќе почувствувате физички?

Дали сте знаеле дека некои бебиња реагираат со икање на зачинета храна? Да, внатре во утробата се случуваат интересни работи. Како и секогаш - не заборавајте дека секоја бременост и секоја жена е различна. Можно е да имате симптоми кои не се силно изразени и не треба да се споредувате со другите бремени.
 

Вообичаени се:

- Поостри движења на плодот;
- Вагинален исцедок;
- Болка во долниот дел од двете страни на стомакот;
- Запек;
- Киселини, гасови, надуеност;
- Од време на време главоболка, несвестица или вртоглавица;
- Затнувањето на носот и понекогаш крвавење од нос;
- Чувствителни непца, крварење при четкање на забите;
- Подобрен апетит;
- Грчеви во нозете;
- Чешање по стомакот;
- Болки во грбот;
- Промени во пигментацијата на кожата;
- Малку отекување на глуждовите и стапалата;

- Стрии и зголемување на градите.


Трчате до тоалетот, имате грчеви во нозете, ве измачуваат киселини, ве мачи несоница.
 

Како да си помогнете?

- Движете се повеќе во текот на денот, тоа помага да спиете.
- Не спортувајте непосредно пред спиење, бидејќи стимулацијата може да ве спречи да заспиете.
- Ослободете го умот од мисли кои ве загрижуваат. Споделете ги вашите грижи - тоа е начин да најдете решение на евентуалниот проблем.
- Вечерајте мирно и полека, за да ги ублажите ноќните киселини.
- Ограничете ги течностите кои ги примате навечер.
- Не пијте кофеин, бидејќи тој ве полни со енергија.
- Обезбедете си удобност во спалната соба.
- Одете на спиење, кога се чувствувате изморена.
- Не гледајте во часовникот.
 

Несмасност?

Две леви раце и две леви нозе се природна придобивка за време на бременоста, како и дополнителните сантиметри околу половината. Расеаност и недостатокот на концентрација се многу карактеристични за време на бременоста и се бонус кон несмасност.
 

Вкочанетост на рацете?

Многу жени се жалат на вкочанетост на прстите за време на бременоста. Причината е дека за време на бременоста карпалниот тунел во зглобот, низ кој поминуваат нервите отекува (како што отекуваат и многу други ткива во телото) и притисокот предизвикува вкочанетост на рацете.
 

 Спас од хемороиди за време на бременоста?

Избегнувајте појава на запек и правете вежби на Кегел. Избегнувајте да стоите или седите долго време. Хемороидите не се опасни, но се непријатни и обично исчезнуваат по раѓањето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Папочна врвца околу вратот на бебето? Прич...
Во бременоста, бебето се движи во матката што може да доведе до виткање на папочната врвца околу вратот. Оваа компликаци...
6
Тестови за бременост
Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
4
Растење на плодот по недели, 1. тромесечје
Знаете ли дека сте бремени, или во суштина не знаете што се случува со вашето тело? Овој текст ќе се обиде да ви објасни...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4




Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?