AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
“Работиме на второ дете последните петнаесет месеци. Сеуште не сум забременила и се плашам дека тоа нема да се случи”, ни откри Сара, мајка на тригодишната Леда. “Разликата меѓу мене и мојот брат е петнаесет месеци. Многу сме блиски, па затоа цело време планирав слична разлика во години меѓу моите деца. Но сега очигледно ќе морам да се соочам со фактот дека Леда можеби нема да има братче или сестриче. Не сакам да одам на вонтелесно оплодување, но гледам дека вака нема да успеам. ”
Сара не е една од ретките жени кои не успеваат да забременат по втор пат. Секундарната неплодност – медицински термин кој се користи за жени кои не можат да забременат иако родиле едно дете – е во постојан пораст. Спрема британското истражување, од 2001. до 2005. бројот на семејства со едно дете во Обединетото кралство, се зголемил за 300.000. Кај некои семејства тоа е промислена одлука, најмногу заради финансиски проблеми, или животен стил, но кај многу од нив тоа е последица на секундарен стерилитет и погрешна претпоставка дека успехот при првото забременување гарантира успех и за втора бременост.
Години
Додека поголемиот број од мајките ќе забременат по втор пат без поголеми потешкотии, лекарите веруваат дека секоја петта жена се бори со секундарен стерилитет. Зошто се случува тоа?
Стручњаците тврдат дека годините се еден од најголемите причинители. Голем број жени ја одложуваат првата бременост за доцните дваесетти, или раните триесетти години. Околу 15% од жените го раѓаат првото дете со навршени 35 години. Половина од тие жени забременуваат без потешкотии, што често создава погрешно чувство на сигурност, бидејќи две до три години подоцна ќе се покаже дека вториот пат не е толку едноставно, со оглед дека нивната плодност е на значително пониско ниво. Во просек е скоро двапати потешко да се забремени по 35. година од животот. Квантитетот и квалитетот на јајце клетките, како и квалитетот на сперматозоидите, опаѓа со годините. Згора на тоа кај жените со навршени 30 години често се јавуваат разни состојби кои влијаат на плодноста: ендометриоза и прерана менопауза.
Стресот наречен родителство
Освен годините, стресот кој доаѓа со родителството, во комбинација со исцрпувачкиот начин на живот, исто така е еден од факторите кој не смее да се занемари – заморот, притисокот на работа и фактот дека сексот е редок кај мајките кои имаат мали деца, посебно ако спијат заедно со детето во креветот, придонесува за неуспех во обидот за забременување. Тука се вбројуваат и мајките кои тукушто престанале да дојат па имаат нередовен менструален циклус, а многу од нив немаат време за урамнотежена и правилна исхрана. И кога сето тоа ќе се собере – втората бременост се помалку се наѕира.
Токму тоа и се случи и на Маринела, мајка на осумгодишната Нина и едногодишниот Лука.
“Со Нина забременив при првиот обид, па претпоставив дека и вториот пат ќе биде така едноставно”, ни се довери Маринела. “Впрочем не планирав да има голема разлика во годините меѓу моите деца, но со време почнав да ја одложувам втората бременост заради ситуацијата на работа. И кога конечно се одлучивме за второ дете, јас не можев да забременам”
Маринела смета дека стресот и нездравиот начин на исхрана се причинители за овој неуспех.
“Откако ја родив Нина почнав со сопствен бизнис – фотограф на венчавки. Работев од утро до мрак, ставав нешто во уста само да не се онесвестам од глад и тоа скоро никогаш не беше здрава храна”, ни објасни. “По шест месеци обидување и понатаму не се случуваше ништо.”
На Маринела со лекови и ја стимулирале работата на јајниците, но без успех. Во една од клиниките за плодност и советувале да воведе режим на здрава исхрана во секојдневниот живот и повеќе да се одмара. “Почнав да одам на акупунктура за полесно да се опуштам, а потоа разговаравме за соочување со секундарниот стерилитет. Пет недели подоцна – забременив!”
Стручњаците веруваат дека анксиозноста предизвикана од стресниот начин на живот, е најголем виновник за пораст на секундарната неплодност. Во актуелната ситуација, кога составниот дел на животот се врти околу гола егзистенција, мајките се под голем притисок бидејќи воопшто не се сигурни дали ќе можат да си дозволат да родат уште едно дете.
Медицински проблеми
Секако, не се сите проблеми поврзани со годините и начинот на живот. Понекогаш проблемот е од медицинска природа, или како последица на првата бременост. Анемија, постпородилна инфекција, па дури и пореметување на хормонот на штитната жлезда, се чести но и излечиви состојби, кои влијаат на способноста за забременување. Првата причина за секундарен стерилитет е синдромот на полицистични јајници кој ја спречува овулацијата. Многу од жените успеале да забременат бидејќи биле послаби првиот пат, но ако не успеале да ги симнат прекумерните килограми по породувањето, синдромот на полицистични јајници станува уште потежок и ја оневозможува втората бременост.
Резултатите од истражувањата кои се спроведени во 2002. година покажале дека на секундарната неплодност влијае и царскиот рез- во случај материцата да била изложена на постоперативна инфекција.
И покрај тоа што некои од овие проблеми не можете да ги спречите, она што можете да го направите не е тешко: бидете проактивни – ако сте малку постара мајка и не успевате да забремените, не чекајте повеќе од шест месеци за да побарате помош.
Како да се избегне секундарниот стерилитет?
Забелешка:
Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
Зошто моето бебе дише толку брзо?
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се у...
Ви недостасува ли телото што го имавте порано?
Оваа магична кожа ги одгледуваше внатре. Го обвиваше телото што ги хра...
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Тежина за време на бременоста.
пеперутка16
Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?