Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Што може да влијае на сексуалната желба?
Недостатокот на сексуален интерес може да биде последица на промените во животот, чувството на исцрпеност, неопходната грижа за детето, партнерот и останатите деца (ако ги имате). Всушност, во деновите по породување, на жената и треба некој кој ќе се грижи за неа. Покрај тоа, непостоењето на сексуална желба, може да има и физички причини. Доколку сте имале епизиотомија, тој дел ќе биде чувствителен неколку недели. Вагината можеби ќе Ви се чини по сува. Ќе и недостасува нормалната влажност заради ниското ниво на естроген, што обично се случува кај мајките кои дојат. Имајте во предвид дека сето тоа е нормално и очекувано.
Колку трае опоравувањето?
Притисокот на материцата, вагината и останатите мускули често предизвикува напнатост во стомакот, или спонтано пукање на ткивата, на кои им треба време да зараснат. Во прашање се месеци. Иако на органите им е потребен само месец дена за да се вратат во нормална состојба, во просек треба да помине година додека мускулите кои ја опкружуваат вагината не го вратат својот тонус. А тука се и болните напади на хемороидите, кои ги активира породувањето...
Најдобар начин за жената да се опорави е ако месец и пол по породувањето мирува и избегнува долго стоење на нозе.
Кога е жената спремна за интимни односи?
По породувањето се намалува сексуалната желба кај жените. Бројните причини од физичка и психолошка природа ја објаснуваат осцилацијата на женското либидо. Мајчинството и доењето го поттикнуваат производството на пролактин кој е одговорен за блокирање на сексуалната желба, што и овозможува на мајката во целост да му се посвети на детето. Дури и кај мажите кои многу се грижат за своите бебиња е намалена сексуалната желба. Ако не сте сигурни дека сте се опоравиле почекајте до првиот гинеколошки преглед и посоветувајте се со гинекологот. После првата контрола, доколку е се во ред, потполно е индивидуално кога ќе продолжите со сексуалниот живот (веднаш или по неколку месеци)
Што да очекувате за време на првиот сексуален однос по породување?
Имајте во предвид дека првиот однос ќе биде непријатен, дури и болен. Долгата предигра и романтичното опкружување можат да Ви помогнат да се опуштите. Почетокот нека биде нежен, можеби само допири и галење, додека Вие не побарате повеќе. Немојте веднаш да преминете на секс бидејќи ќе постигнете контра – ефект и ќе го расипете задоволството на партнерот при повторното запознавање со Вашето тело. Разговарајте со партнерот за роа што Ви причинува задоволство, а што не. Понекогаш повеќе ќе Ви годи гледање телевизија и држење за рака отколку секс, но тоа е нормално.
Немате време да помислите на секс?
Обидете се да не го запоставите партнерот заради доаѓањето на бебето дома. Во ситуации кога Ви е преку глава од пелени, шишиња и цуцли, кога обајцата сте преморени од неспиење – сексот сигурно ќе биде на дното на Вашите приоритети.. Секако, дајте си време постепено да се навикнете на новиот ритам на живот.
После неколку месеци кога ќе станете вешти во негата на бебето, кога подобро ќе се организирате и кога Вашето тело ќе се опорави од породувањето, одвојте време само за себе и партнерот. Во почетокот можеби ќе Ви биде незамисливо бебето да го оставите на чување кај бабите и дедовците додека Вие и партнерот се забавувате. Исто така, можеби ќе бидете исплашени од повреди при сексуалниот однос.
Разговарајте со партнерот за Вашите стравови, за недостатокот на време, за тоа дека можеби не сте спремни да “одите до крај”. Бидете подготвени да го промените времето и начинот на водење љубов и секако, не заборавајте на контрацепцијата.
5
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?