namesp во 10:12
Само една е мама
Редакција Рингераја, 17.11.2011
Краткотрајниот поглед на мајчината фотографија повеќе ги возбудува мозочните станици, отколку сликите на други луѓе, вклучувајќи го и таткото.
Научници од институтот во Торонто ја мереле мозочната активност на испитаниците со просечна старост од 35 години покажувајќи им слики од родителите, од непознати лица и пријатели. Кога ја здогледале својата мајка, кај испитаниците се активирале сите клучни места во мозокот за препознавање и чувствување. Кога го здогледале татко си, ефектот бил нешто послаб.
Мајките предизвикуваат сложен и долготраен емоционален и когнитивен одговор во мозокот на децата, а резултат на тоа е поврзаноста која се јавува во раното детство и периодот на доење.
Но да видиме како се развива помнењето на бебето по месеци и каква улога има мајката во тек на полусвесниот период од животот на бебето.
0-6 месеци
Пред да се роди, бебето почнува да го препознава Вашиот глас. Тоа препознавање се интензивира во тек на првите неколку часа по раѓањето, за по навршената прва недела од животот, да го препознава и Вашиот лик.
Кога ќе наврши четири недели, кај бебето почнува да се развива краткотрајно помнење. Ќе знае која сте, но ќе мисли дека постојат повеќе како Вас! Бебето сеуште не сфаќа дека Вие постоите и кога не Ве гледа.
Меѓу вториот и четвртиот месец, бебето ќе почне да се сеќава на работите кои се поврзани со некои објекти. Ако повторно му ја дадете играчката која го создава истиот звук кога ја тресе, бебето ќе знае што да прави со неа, без оглед на тоа што некое време не играло со неа.
Кога ќе наполни шест месеци, меморијата на бебето ќе почне поинтензивно да се развива. Ќе прави исти работи, секој ден во исто време, ќе почне да поврзува предмети со извесни активности. Дополнително може да го поттикнете така што секојдневно ќе му пеете иста песна за заспивање, или ќе му давате кашичка од иста чинија – за да му олесните да сфати за која рутинска работа е време.
6-12 месеци
Меморијата на бебето станува по префинета. Сега сфаќа дека само една е мама, што ќе допринесе уште повеќе да се поврзе со Вас и да се вознемири кога ќе заминете некаде. Бебето разбира дека кога нешто не е тука, не значи дека “исчезнало”, туку дека отишло на друго место. Затоа, кога ќе испушти некој предмет, почнува да го бара. Вашето бебе исто така, ќе почне да се поврзува со опкружувањето и луѓето кои секојдневно ги гледа. Бидејќи одењето на непознато место може да му изгледа застрашувачко, земете ги неговите омилени играчки доколку одите некаде на гости, или на одмор – тоа ќе му помогне да се чувствува како дома.
12 – 18 месеци
Вашето бебе станало вистинска машина за копирање! Ќе почне да ги забележува работите кои Вие ги правите – начин на кој ја држите слушалката од телефонот, начинот на кој се чешлате... и ќе се обиде да го направи тоа на потполно ист начин!
Вашето бебе, исто како Вас, ги помни само убавите работи, додека другото треба да му се повтори неколку пати за да го запомни. Впрочем, кога последен пат “заборавивте” да каснете нешто слатко? А толку лесно Ви е да ја исперете колата! Одличен начин да му помогнете на детето полесно да го сфати она што го говорите е одредени зборови да ги поврзе со движења. Со проѕевање кога е време за спиење, или тапкање по стомачето кога е време за ручек, можете да ја поттикнете меморијата на детето.
18 + месеци
Со 18 месеци, меморијата на Вашето дете толку се развила што сега е во состојба да се сеќава на работи од неговото, не толку долго, минато. Ќе забележите дека е возбудено кога го водите на места како парк, игралиште, игротека и ќе се сети на дејствија кои ги правело на последното присуство на тоа место. Од друга страна, можеби ќе почне да се сокрива кога ќе дојде време за бањање или спиење, или да плаче кога ќе се приближите до амбулантата на докторот.
Колку детето е постаро, се повеќе ќе помни како нешто се прави, како што стои, посебно она што му се допаѓа (чоколада, кекс), како и да ги препознава луѓето.
Сега веќе добро знае што значи мајката во неговиот живот, дека таа е единствена, дека за неа нема замена и веќе неизмерно ја сака.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со ...

Заради породувањето со царски рез децата не доаѓаат во контакт со бактериите од породлниот канал на мајката, па така не ...

Децата кои извесен период поминале во стојалки често паѓаат кога проодуваат, бидејќи не ја совладале рамнотежата, затоа ...

Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се уште дише? Па, да, градите и се креваат.Сега да пре...
