|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Првите чекори на вашето бебе и безбедноста дома

Редакција Рингераја, 23.12.2025
Првите чекори на бебето се магичен момент, но и почеток на нова фаза полна со предизвици.

image
Фото:Canva/Првите чекори се возбудливи, но носат и нови ризици. Кога бебето ќе почне да оди, неговата љубопитност е поголема од чувството за опасност. Затоа безбедноста во домот станува клучна.
/11


Светот одеднаш станува достапен, а љубопитноста нема граници. Она што вчера било безбедно, денес може да претставува ризик. Затоа, осигурувањето на просторот е клучно кога бебето ќе прооди.

 

Зошто овој период е најризичен?

Кога бебето ќе прооди: нема целосна рамнотежа, не ја препознава опасноста, сака да допре, повлече и стави сè во уста и реагира побрзо отколку што родителот може да предвиди. Токму затоа превенцијата е поважна од реакцијата.

 

1. Осигурување на мебелот

Прицврстете ги комодите, полиците и телевизорите за ѕид.
Избегнувајте маси со остри агли или пак доколку имате веќе такви маси користете заштитници. Не оставајте столчиња до прозорци или полици.

Мебелот што може да се преврти е една од најчестите опасности.

 

2. Заштита на електрични приклучоци

Користете заштитни капачиња за штекери, сокријте ги сите кабли и продолжни и не оставај уреди приклучени и достапни. Електричната струја е „невидлива“ опасност за детето.

 

3. Врати, скали и прозорци

Поставете заштитни огради на скалите, корисете и сигурносни брави на врати и фиоки и обезбедете ги прозорците со заштитни механизми.

Дури и краток момент без надзор може да биде доволен за несакан инцидент.

 

4. Кујнате е најризичната просторија

Во кујната држете ги ножевите и други остри предмети надвор од дофат. Користете брави на фиоки и шкафчиња. Тенџерињата свртете ги со рачките навнатре. Не оставајте топли пијалаци на рабови или на места достапни за вашето бебе.

 

5. Купатилото е тивка опасност

Никогаш не оставајте го бебето само во купатило. Користете нелизгачки подлоги. Сите средства за чистење и лична хигиена држете ги заклучени, а капакот на WC школката секогаш затворен.

 

6. Мали предмети и гушење

Редовно проверувајте ги подовите, теписите и софите бидејќи може да има мали предмети, копчиња, монети и делови од играчки кои лесно завршуваат во уста.

 

7. Надворешна безбедност

Кога сте надвор секогаш држете го бебето во ваша близина и на дофат. Избегнувајте прошетки по нерамни површини. Внимавајте доколку имате домашни миленици или кога сте надвор на туѓите. Користете соодветни обувки со нелизгачки ѓон и дома и надвор.

 

Дали треба сè да се забрани?

Целта не е да се создаде стерилен простор туку безбедна средина во која детето може да истражува. 

Малите падови се дел од учењето, но секогаш гтреба да бидеме спремни да ги спречиме сериозните повреди.

 

Кога бебето ќе прооди, домот мора да се прилагоди на него.
Со неколку едноставни промени можете значително да го намалите ризикот и да му дозволите на детето безбедно да го открива светот. Најдобрата заштита е внимателен родител и подготвен простор.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Првите кожни предизвици кај новороденчињата
Кожата на новороденчето е исклучително нежна, тенка и чувствителна. Во првите недели по раѓањето, многу родители забележ...
5
Како да се намали ризикот од СИДС кај ново...
Синдром на ненадејна смрт на новороденче, исто така познат како смрт во креветчето, е необјаснета смрт, обично за време ...
5
Кога моето бебе може да преноќи без мене?
Првото разделување преку ноќ со бебето може да биде емоционално и за родителот и за детето. Но кога е вистинскиот момент...
5
Што треба да јаде доилката?
Периодот на доење е еден од најважните моменти во животот на мајката и бебето.
5




Анкета

Капење бебе.
пеперутка16

Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)