Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
/11
И тука доаѓа едно често прашање кај родителите: Дали зачините имаат место во исхраната на најмалите?
Имаат, но не сите и паметно и постепено.
Зошто вкусот се учи од најрана возраст?
Бебињата не се раѓаат со „празен вкус“. Уште во бременоста тие се запознаваат со вкусови преку амнионската течност, а подоцна и преку мајчиното млеко.
Затоа, првите оброци се идеална можност: да се развие љубов кон разновидна храна, да се избегне навиката на блага и исхрана во која преовладува благиот шеќерен вкус, но и да се поттикне отвореност кон нови вкусови.
Зачини кои се природни
Кога зборуваме за зачини кај бебиња и мали деца, не зборуваме за сол, лути сосови или индустриски мешавини.
Зборуваме за: природни, благи и ароматични зачини кои ја збогатуваат храната без да ја иритираат.
Кои зачини се одличен почеток?
- Цимет, но се става малку во овошни кашички.
- Ванила, но природна, не екстракт со шеќер.
- Куркума, во минимални количини.
- Магдонос и копар, свежи, ситно сечкани и во мали количини.
- Босилек и оригано, свежи во мали количини во зеленчукови комбинации.
- Лук во прав во многу мали количино, но само по првата година.
Овие зачини го збогатуваат вкусот, го стимулираат апетитот и му помагаат на детето да развие поширок спектар на вкусови.
Што треба да се избегнува?
Поради тоа што организмот на бебињата е сеуште во развој минимум до 1 година треба да се избегнуваат: бибер и лути зачини, готови зачински мешавини, коцки за супа и засилувачи на вкус.
Како да ги воведувате зачините?
Зачините се воведуваат еден по еден и во многу мали количини. Набљудувајте ја реакцијата за да знаете што му одговара, а што не на вашето дете. Секогаш комбинирајте ги со познати вкусови. Ако детето прво одбие, тоа не значи дека не му се допаѓа. Понекогаш се потребни и до 10 до 15 изложувања на нов вкус.
Зачините градат храбри гурмани
Децата кои од мали се запознаени со разновидни вкусови се поретко пребирливи, полесно прифаќаат нова храна и имаат поздрава врска со исхраната.
Храната не треба да биде здодевна ниту за најмалите.
Гастрономските почетоци на вашето дете не се само „што ќе јаде“, туку како ќе го доживее вкусот. Со внимателно воведени зачини исто како и храната, му подарувате на детето богато искуство и отвореност кон неа.
5
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што ја подобрува плодноста кај жените?
Женската плодност зависи од повеќе фактори како возраста, овулацијата,...
Дали слабеењето или дебелеењето влијаат на овулацијата?
Значајните промени во телесната тежина можат да влијаат врз овулацијат...
Како се менува должината на бебето?
Растењето на бебето е постепен процес. Од мала ембрионална структура, ...
1, 2, 3 деца. Kако расте мајчинството?
Секое дете носи нова љубов, но и нова динамика во семејството. ...
Зошто температурата се менува во текот на циклусот?
Телесната температура може малку да се менува во текот на менструалнио...