vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Зајко реши да патува по светот. Стави во една торба еден леб, едно шише вода, малку месо, една зелка и две морковчиња. Ја нарами торбата и тргна на далечен пат.
Патуваше преку планини и гори, преку реки и езерца мали. Се умори зајко од брзиот од и седна да јаде под синиот небески свод. Само што го извади лепчето од торбата, дојдоа врапчиња рој:
- Гладни сме, дај ни малку лепче.
На зајко му падна жал за малите врапчиња и изрони половина од својот леб. Врапчињата почнаа да јадат, а зајко продолжи по својот пат.
Одејќи така во реката виде рипчиња кои се насобрале и сите јадат од една ронка леб. На зајко му падна жал и му го изрони сиот леб на рипчињата. И додека ги гледаше како среќно јадат, зајко беше повеќе од сит.
На патот околу светот сретна и еден волк.
- Зајко, имаш ли нешто во торбата за мене?
- Имам малку месо, рече зајко и му го понуди месото на волкот.
Таман реши да ја јаде зелката цела, се појавила една зајачица бела.
- Ќе ми дадеш ли еден гриз?
Зајко и ја даде зелката цела и доби бакнеж од зајачицата бела.
Кога погледна во торбата, останале само морковчиња две. Касна малку и продолжи по патот свој, среќен што со една торба храна нахрани толку многу од животинскиот род. Среќно потскокнуваше и се поголеми хоризонти освојуваше, задоволен од себе иташе кон својата цел, да го прошета светот бел.
Заклучок од приказната: Бидете хумани кон гладните. Поделете дел од својата храна и бидете двојно посреќни.
Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
Земете активно учество во акцијата Прегратка на дар |
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Начини како да ја вратите интимноста
Често, новите родители мораат да се трудат многу за да воспостават пов...
Влијанието на загадувањето врз плодноста
Загадувањето на животната средина не влијае само врз белите дробови и ...
Конечно бремена. Што следува по позитивниот тест?
Позитивниот тест за бременост може да донесе огромна радост, возбуда, ...
Како да го одржувате крвниот притисок во здрави граници
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и...
Доењето го одржува притисокот на мајката на ниско ниво
Мајките кои ги дојат своите бебиња шест месеци се повеќе заштитени од ...